Навивачите на Ајакс на гостување кај полицијата пред зграда

Стотици навивачи на Ајакс Амстердам се решиле за голем протестен собир пред зградата на полицијата. Причина: полицискиот синдикат веќе 2-3 недели е во генерален штрајк па натпреварите кои ги игра Ајакс на домашен терен не можат да бидат обезбедени. Навивачите не биле на стадион со денови па им прекипело и бесот го искалиле баш кај нивниот најомразен ривал, полицијата и тоа на „гостински“ терен.

Во холандската Ередивизија веќе се одиграни 5 кола но Ајакс Амстердам одиграл само 2 меча (1 победа и 1 пораз) поради тоа што натпреварите на домашен терен им се одложени.

Откажаниот дуел со Утрехт за во недела бил повод стотина навивачи на Ајакс да отидат до полициската управа во Амстердам и таму да вандализираат.

16 септември 2024 - 08:57