
„ЗАЕДНО ДО КРАЈ
Претставници на групата вчера присуствуваа на тренингот на тимот.
На сите кои во овој момент раководат со клубот, на стручниот штаб, како и на фудбалерите, јасно им се даде дознаење кои се целите и црвените линии кои не смеат да бидат поминати!
Приказната за клубот на народот, крваво ја градеа илјадници луѓе и затоа нема да дозволиме никој да си поигрува со идентитетот на нашата борба!
Воедно, упативме целосна поддршка до новиот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски и до целиот негов тим.
Бараме само едно: БОРБА И САМО БОРБА!
За крај, упатуваме апел до сите навивачи на клубот, паузата да ја искористиме за најголема комитска МОБИЛИЗАЦИЈА!
Нека пркоси црвено-црното, нека доминира!
НАШАТА ПРИКАЗНА ПРОДОЛЖУВА“.