Комити Запад од едно друго носталгично време

Во деновите кога Вардар има активен резултат и е на само 90 минути од испишување нова историја за македонскиот фудбал, ќе ве потсетиме на Комитите од 90-те. Тогаш беа побројни и посплотени, а фудбалот имаше многу повеќе драж. Во тоа време не се чекаа квалификации за Европа за да се наполни стадионот. 

Повозрасните Комити не ги забораваат оние балкански дербија кога Црвена Звезда и Партизан гостуваа на Градски, ама кој бил на стадион во 90-те на Вардар, сигурно добро се сеќава и на навивачкото шоу кое го правеа Комитите.

Најголемо дерби за кое се чекаше цела сезона беше Вардар - Пелистер. На теренот имаше добар фудбал, голема борба и незвесност, ама погледот од јужна беше природно да ти беа на запад и на исток.

На едната страна трибината светеше со црвени бакљи, а на другата Чкембарите ја палеа нивната традиционална зелена боја. На Градски во 90-те едноставно беше празник кога се одеше на дерби.

Среќен јубилеен роденден Комити (1987 - 2017).

Црвена Звезда - Вардар 1986/1987

Вардар - Црвена Звезда 1987/1988

Вардар - Црвена Звезда 1989/1990

Вардар - Партизан 1989/1990

Вардар - Партизан 1994/1995

Вардар - Пелистер 1994/1995

Вардар - Силекс 1994/1995

Вардар - Победа 1994/1995

Вардар - Тиквеш 1994/1995

Македонија - Шпанија 1994/1995

Вардар - Халмштад 1996/1997

Вардар - Партизан 1996/1997

Вардар - Слога 1996/1997

 

Брегалница - Вардар 1996/1997

Горица - Вардар 1996/1997

Халмштад - Вардар 1996/1997

Силекс - Вардар 1996/1997

Вардар - Силекс 1996/1997

Вардар - Слога 1997/1998

Вардар - Скопје 1997/1998

Вардар - Охрид 1997/1998

Вардар - Пелистер 1997/1998

28 јули 2017 - 12:13