Навивачи на Хрватска од Цриквеница и местото Брибир ја ангажирале локалната шивачка тетка Љуба да им ги сошие сите делови на мегаломанското знаме.
Поради проблем со транспорт на неколку пати ја крателе па ја составувале.
„Во Доха доаѓа во еден комад но е двократно подолга, 201 метар“, вели Дадо од Цриквеница и додава дека превозот на заставата со карго го чинела повеќе од неговата авионска карта.
Сега ја развиорија пред хотелот во Доха каде престојуваат хрватските репрезентативци кои попладнево од 17:00 часот ги чека дуел од 2. коло против борбената и незгодна Канада.
Во прво коло Хрватска одигра само 0:0 со Мароко, а Белгија ја совлада Канада 1:0.