Големо насилство на натпревар од Копа Судамерикана, има и жртви?

Реваншот од осминафинале на Копа Судамерикана меѓу аргентински Индепендиенте и Универзидад од Чиле е прекинат поради страшни инциденти на трибините.

Прекинот на мечот во Авељанеда, предградието на Буенос Аирес каде игра трофејниот клуб Индепендиенте бил по само четири минути игра во вториот дел.

Наводно ситуацијата ескалирала откако госинските навивачи кои биле сместени во горниот прстен над домашна трибина, фрлале столици, петарди и други експлозивни направи кон нив.

Спикерот на мечот неколку пати ги повикувал гостите од Чиле да прекинат со тоа а домашните навивачи од долу ги напуштале седиштата и бегале кон влезовите.

Во тој момент „Бара брава“, жестоката хулиганска група на Индепендиенте решила да возврати, преминала до делот на стадионот каде биле гостинските навивачи, ја прескокнале трибината и започнале неколку минутни судири.

Гостинските навивачи предоцна биле евакуирани до стадионот. Тие тврдат дека инцидентите ги започнале аргентинските навивачи кои им украле едно вредно знаме. Масовниот хаос избил на горното ниво на стадионот каде се запалил и оган.

Едно лице во обид да избега, се прекачило преку заштитната ограда но било турнато од разулавените хулигани:

Се појавија и видеа на кои се гледа како навивачи на Индепендиенте со метални шипки по глава удираат малолетно дете на гостинската трибина.

Уништен и демолиран бил и клупскиот автобус на Универзидад де Чиле.

Аргентинските хулигани безмилосно ги тепале гостите а некои користеле и метални шипки.

Официјалните лица соопштиле дека ситуацијата се смирила, но неофицијално имало тројца загинати лица во целиот хаос. Уапсени биле преку 300 лица.

 

21 август 2025 - 09:32