Ел класико се знае, а сте слушнале за Ел трафико?

Ако публиката на спортските арени ширум САД долги години важеше за потсмев меѓу европските навивачки групи, сега очигледно веќе не е така. Навивачката сцена во САД сè поблизу наликува на онаа во Европа. Со кортеа, маршови, кореографии, гласно навивање, пиротехника.

Големото дерби во американската МЛС лига ЛА Галакси и Лос Анџелес, познато и како Ел трафико, беше спектакуларно со дури шест гола. На крај заврши 3:3 а домаќините и гостите се менуваа во водство.

Навивачите на ЛАФЦ ги исполнија гостинските трибини и навиваа сосема добро.

Најдобрите моменти и головите од дербито Ел Трафико во Лос Анџелес:


После 8 кола во американската МЛС лига, во Западната конференција ЛА Галакси е на претпоследно 13-то место со 4 порази и 3 нерешени и само 3 освоени бода. Лос Анџелес е втор со 17 бода но и со меч помалку од лидерот Сент Луис.

18 април 2023 - 09:05