Дрес со потписи за 100 годишната навивачка на Милан

Инес е родена во 1919-та година, а на Сан Сиро имала стаж од 18 па се до 87 годишна возраст. Значи почнала да ги бодри уште пред да заигра Чезаре Малдини. Ако водела евиденција во тефтер што сè видела, ќе немаше цена тефтерот. Омилени играчи и се Рајкард, Гулит, Ван Бастен, Малдини, Костакурта и Гатузо.

За нејзиниот јубилеен роденден Инес доби големо изненадување од клубот кој и подари дрес со автограм на сите актуелни играчи. На крај се пофали дека има и една легендарна топка со која Италија во 1982-ра стана светски првак. Каква легендарна навивачка.

10 септември 2019 - 12:17