Атлетик може да се пофали дека е клуб поинаков од кој било друг, со единствена филозофија на разбирање на фудбалот со територијална поврзаност како претпоставка.
Атлетик Билбао и неговите навивачи добро знаеле како со голема фешта да го прослават освоениот Куп. Ова е традиција која се враќа после 40 години кога за последен пат славеле голем успех - пловидба по реката Нервион.
Пловеле како на времето, со стариот индустриски брод - La Gabarra. Пловило познато како баржа, термин кој се однесува на пловило со рамен труп на кој нема мотор и го влече шлеп. Овие бродови биле изградени за транспорт на тешко железо и други минерали и останал елемент на индустријата во Билбао.
Тежи околу 80 тони, должината му е 18,5 метри а ширината 8,5 метри. Го нарекле Атлетик по најголемата гордост на Билбао.
Според разни извори, на улиците на Билбао во прославата учествувале скоро милион навивачи на Атлетик. Екипата се спуштила на вода на реката во градот и во одлично расположение испловиле.
⛴️ 40 years of waiting for a trophy only meant that Bilbao went all out in celebrationpic.twitter.com/4lZXNjHRi7
— COPA90 (@Copa90) April 11, 2024
Бродот го следеле стотици други бродови, чамци, кајаци, разни речни пловила. Море навивачи имало на самиот брег од сите страни и мостови.
Кој немал место од брегот имал преубав поглед од локалните балкони.
Овој успех е толку голем што дури и фудбалерот на Барселона, стоперот Ињиго Мартинез дошол во Билбао веднаш после мечот од четвртфинале на Лига на шампиони со ПСЖ коешто го преседе на клупа за резерви и си тргнал со својот чамец.
А главен барјактар бил центарфорот Асиер Виљалибре:
ПРВПАТ ВАКА СЛАВЕЛЕ ВО 1983-ТА
Ова старо бродче или барка, била изградена во 1960-те години на барање на градското пристаниште во Билбао. Прво го користеле за превоз на роба.
Тогаш во таа 1983-та година кога Атлетик Билбао предводен од тренерот Хавиер Клементе ја освои седмата и до ден-денес последна шампионска титула. Го прескокнале Реал Мадрид на табелата благодарение на победа во последно коло.
Титулата ја прославиле на оригинален начин - со пловидба по реката Нервион која тече низ Билбао.
Се верува дека и тогаш имало скоро 1 милион луѓе во прославата. Тогаш славеле и легендарните Андони Зубизарета, Андони Гоикочеа и актуелниот селектор на Шпанјиа Луис де ла Фуенте.
Пловидбата тогаш била тричасовна оод влизот на Невион од Лас Аренас до Градското собрание на Билбао.
Во следната сезона Атлетик Билбао освоил златна дупла круна: шампионска титула и Куп на Шпанија. Тогаш исто славеле на река, а најсуеверните сметале дека водата односно реката им носат среќа. Тогаш никој не претпоставувал дека до следниот трофеј ќе мора да чекаат дури 40 години!
Во тие четири децении Атлетик играше бројни финалиња во Лига Европа, во шпанскиот Куп, но никогаш не стигна до пехарот па затоа подвигот сега во 2024-та го славеле еуфорично.
А сега се собрала и таа славна генерација од 1984'та. Не сакале да го пропуштат големото историско славје:
АТЛЕТИК ГО ЧУВА БРОДОТ ЗА ГОЛЕМИ НАСТАНИ
Сево ова време барката со која се одржуваат славеничките пловидби се наоѓа во морскиот музеј во Билбао. Иако Баскијците во меѓувреме освоија два трофеи: два Суперкупа на Шпанија (во 2015-та и 2021-ва), не ги прославиле во барката затоа што сметале дека размерот на прослава не е соодветен на големите шампионски паради па привремено се вратиле на отворен автобус.
Во 2020-та градскиот совет на Билбао донел одлука за реконструкција на барката после долго време и на тоа биле потрошени околу 200.000 евра. И во 2024-та таа била прилагодена за голема прослава на вода па 2 дена пред големата прослава на освоениот Куп ја спуштиле во вода: