Прво накусо фудбалски. Лудогорец – Црвена Звезда 2:2, па Црвена Звезда – Лудогорец 2:2 во двобојот од 3 квалификациско коло за ЛШ кое им припадна на Бугарите кои синоќа во продолженија погодија уште два пати и со вкупни 6:4 одат во плеј-оф. Бабунски не играше и на двата меча.
А сега навивачкиот дел. Делии приредија спектакл кој ќе се памети и ќе се раскажува со години. Направија кореографија која се простираше на цел стадион и која се состоеше од една страна во црвена-бела боја, а од другата страна на парчињата хартија стоеше текстот на песната „Пукни зоро“.
Песната е настаната во текот на Првата светска војна пред битката на Кајмакчалан и стана химна на српската војска, а навивачите на Ѕвезда со оваа песна синоќа потсетија на прочуената битка во која Кнез Михајло во текот на втората балканска војна, се борел храбро против Бугарите.
Една од битките во која српската војска ги поразила Бугарите била битката на Брегалница.
Домашните навивачи повторно ја прозваа УЕФА околу признавањето на Косово и се повикаа на статутот според кој земја која не е членка на Обединетите нации, не може да членува во Европската куќа на фудбалот.
Како грмат 50.000 навивачи