Аргентинците имаа голема прослава на теренот на „Лусаил“ стадионот. Меѓу главните протагонисти беше и Серхио Агуеро кој долги години беше важен дел од репрезентацијата, но пред извесно време ја заврши кариерата од здравствени причини.
Во еден момент додека играчите плачеа, скокаа, се веселеа, Кун земал тапан и почнал радосно да чука во него.
Тој тапан има и тоа каква емотивна вредност и голема историја. Му припаѓа на 82-годишниот Карлос Ескуал наречен Тула, најпознат аргентински навивач, нешто како Шпанецот Маноло.
Светското првенство во Катар било верувале или не, 13-то за Ескуал!
Прв негов Мундијал бил оној во 1974-та и од тогаш до денес не пропуштил ниту едно Светско првенство.
Култниот тапан во 1971-ва му го подарил Хуан Доминго Перон (бил аргентински претседател цели 10 години), а сребдата со овој познат претседател Тула го нарекол најважен настан во неговиот живот.
Вели дека е сигурен дека пред него немало тапани на Светски првенства.
„После четири години, на Мундијалот 1978 сите го копираа мојот бас-барабан, сите сакаа таков. Втор беше Маноло кој почина неодамна. Маноло од Шпанија, беше многу познат“, вели Аргентинецот Ескуале.
Маноло беше светски познат шпански навивач кој следеше во живо дури 10 Светски првенства.
Интересно, 82-годишниот Тула во Катар го донел извесен Русин Јуриј со кого се запознал на Мундијалот 2018 во Русија. „Тој ме донесе овде, сам плати за се. Има пари, а јас немам ништо. Не прашувам со што се занимава. Тој е волонтер кој ми го прати Бог, Севишниот секогаш ми праѓа доброволци од разни делови на светот. Сам не би можел да се справам“, вели Ескуале кој и покрај длабоката старост, и натаму има сила во голема толпа да навива за својата Аргентина.
Тој имал сериозни здравствени тегоби.
Воглавно се движи во инвалидска количка, но понекогаш станува на нозе и тоа со бастун. Тула вели дека во Катар поминал две недели без комуникација со дома. „Беше многу различна временска зона“, раскажал од Катар за аргентинските новинари.
Во Катар си го свиткал и зглобот на едната нога. „Сега имам проблем со ногата, завршив во болница. Морам да бидам хоспитализиран, но и натаму ќе навивам за Аргентина - тоа е моја страст. Ако даде Бог, ќе се вратам во својата татковина, но прво да почекаме“, рекол Тула.
Тој бил меѓу најсреќните навивачи на стадионот, зошто ја видел првата титула на Аргентина после цели 36 години!