- Во 18-та минута од дуелот Словенија - Македонија во рамки од квалификациите за Европско првенство 2026, 22-годишниот Марко Митев, еден од лидерите на македонската репрезентација доживел повреда на предните вкрстени лигаменти од коленото. Додека се чекаат детални лекарски прегледи, сите се надеваат дека не станува збор за најстрашното, односно дека нема скинати лигаменти туку само истегнување.
- Средниот бек кој блесна на Светското првенство во Хрватска во јануари годинава, се издвои како носител на играта на репрезентацијата. Без него сега ќе мора и Македонија до крајот од квалификациите за ЕП 2026 и Алкалоид кого го чекаат клучни битки за титулата преку плејофот, како и европски двомеч со романска Баја Маре.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.