- Во вторник од 21 часот македонскиот првак по ремито 2:2 во Загреб, го пречекува хрватскиот шампион Динамо Загреб на реванш средба од 2. коло во квалификациите за Лига на шампиони.
- ТВ правата за овој пренос ги имал клубот од Чаир но ниту една телевизиска куќа од Македонија не била заинтересирана да го прикажува натпреварот од „Тодор Проески“ Арената.
- Неофицијално Шкупи за тв правата барал 15-20.000 евра, а највисоката понуда која досега им дошла изнесувала нешто помалку од 9.000 евра за пренос. Истиот ќе оди на албанската СуперСпорт на вториот канал, а најверојатно е дека пренос нема да има ниту за хрватската публика.
- „Не се ограничувам со ништо“, изјави легендарниот Дидие Дешам минатиот јуни пред да ја заврши последната авантура на Светско првенство со Франција.
- Дешам ги водеше триколорите цели 14 години а на свои 58 години после јуни се реши да одмори од се и да ги наполни батериите. Негов наследник на клупата на Франција стана Зинедеин Зидан.
- Сега Дешам го поврзуваат со многу големи европски клубови како неговиот Јувентус во кого остави голем белег, така и Манчестер Јунајтед, пишува француски footmercato.net кој вели дека клубот од „Олд Трафорд“ бара замена за Мајкл Карик кого сензационалниот пресврт против Рома 3:2 од 0:2 му го продолжи макар на кратко престојот на клупата на Манчестер.
- Управата на Манчестер Јунајтед ги сонувала Јулијан Нагелсман и Унаи Емери но првиот веќе е пред договор да се врати во Ред Бул Лајпциг а вториот е врзан силно со договор за Астон Вила која што не сака да ја напушти.
- Украинскиот бек, Дмитро Горига кој лани доби македонски пасош, дебитираше со три гола на квалификацискиот дуел Македонија - Луксембург.
- „Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој сум дочекан. Толку навивачи по мечот, ја чувствувам љубовта и затоа пак ќе повторам, ја чувствувам Македонија за своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација. Прекрасно сум примен од соиграчите, малку време сум овде, верувам дека ќе биде уште подобро како што ќе минува времето“, изјави Горига после мечот.