- Во 21. коло од Евролигата вечерва во Париз ќе се сретнат истоимената екипа и израелскиот шампион Макаби Тел Авив.
- Натпреварот е прогласен како дуел од висок ризик со 4 на скалата од 1 до 5 и се наведува дека постојат безбедносни проценки за конфликти. Дополнителна тензија на ситуацијата кренаа симпатизерите на францускиот клуб кои повикаа на бојкот на дуелот поради револт од израелската инвазија на Газа. Се очекува околу 600 полицајци да го обезбедуваат натпреварот.
- Претходно дури 4.000 полицајци го обезбедуваа фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Израел во ноември минатата година кога избија нереди на полу-празните трибини во Париз. На кошаркарскиот меч Нантер - Хапоел Холон во Еврокупот еден посетител влета на теренот со палестинско знаме и накратко го прекина мечот.
- Дисциплинската, етичка и контролна комисија на УЕФА соопшти дека парично го казнила Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина со вкупно 45.000 евра поради нереди на навивачите на натпреварот против Шведска во Лига на Нации одигран на 14-ти ноември во Стокхолм.
- Шведска тогаш ја победи Босна и Херцеговина 3:2 во 5. коло од групата Б4 од Лига на нации.
- УЕФА навела дека навивачите на гостинската селекција фрлале предмет на терен, користеле пиротехнички средства и го оштетиле стадионот во Стокхолм.
- Во соопштението се вели дека Фудбалскиот сојуз на БиХ е казнет и со забрана за продажба на карти за следното гостување на натпревари под закрила на УЕФА. Репрезентацијата на БиХ го освои второто место на табелата во групата Б4 од Лига на нации и ќе игра во баражот за пласман во А дивизија од Лига на нации.
- Потенцијални ривали им се: Данска, Велс, Србија и Хрватска. Ждрепката е закажана за в петок напладне во 12 часот.
- Светската фудбалска куќа ги потврди кандидатурите на тројца кандидати за претседателските избори: актуелниот претседател Џани Инфантино, претседателот на фудбалската федерација на Франција Филип Диало и првиот човек на фудбалската федерација на Јапонија Козо Ташима, соопшти ФИФА.
- На Поранешниот одбранбен фудбалер на швајцарската фудбалска репрезентација Рамон Вега кој минатиот месец изјавил дека ќе се кандидира, не му е потврдена кандидатурата од ФИФА.
- Изборите во ФИФА ќе се одржат во март 2027-ма година и ќе бидат први на кои Џани Инфантино ќе ќе има противкандидати откако во 2023-та беше реизбран на функцијата.
- Швајцарецот е во потрага по четврти мандат до 2031 година што би значело дека ќе биде 15 години прв човек на ФИФА колку што е максимумот според статутот на организацијата.
- Но по контроверзните планови за продажба на правта на Светско првенство на американски компании, Инфантино ја изгуби поддршката од сите фудбалски федерации во Европа и многу ширум светот, така што тешко е за очекување дека повторно ќе биде избран.