Кошарка

Како изгледа тренинг во кинеска градинка

Прилично е дискутабилно дали кога дете тргнува во градинка во Кина се збори: „Нашево нејќеше да остане од прв ден“. Со баскет во рака се повешти и од многу возрасни.

Сјајната приказна за тетоважата на малиот Џовани Симеоне, син на Чоло кој блеска во Наполи

Џовани Симеоне е шпиц од стар ков. Иако има 27 години, тој веќе може да се каже дека е прекален, искусен центарфор кој неодамна дебитираше во Лига на шампиони и дури и даде гол против големиот Ливерпул. Интересна анегдота го следи овој погодок кој ќе го памти цел живот.

Стеф Кари и Клеј Томпсон ќе се пробале со сумо борач

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс во Јапонија се подготвува за стартот на новата сезона. Таму воините ќе одиграат две пријателски против Вашингтон Визардс. Посетата на Јапонија е и запознавање со локалната култура, традиција и обичаи па така најдобрите играчи на Вориорс, Стеф Кари и Клеј Томпсон се пробаа со еден сумо борач. Не можеа да го помрднат од место.

Играше 13 години во Серија А, преку 140 натпревари за Интер, сега е плејмејкер во кошарка

Ветеранот Родриго Паласио (40) беше еден од подобрите аргентински фудбалери во Италија. Аргентинецот после Хуракан, Банфилд и Бока дојде во Џенова (90 настапи - 35 гола), а се прослави во Интер (140 натпревари - 39 голови), Болоња (127-19), Бреша (30-6). За „гаучосите“ има 27 настапи и 3 гола. 

Клекна и ја запроси, таа побара тајм-аут и го олади

На мечот меѓу Зенит Санкт Петербург и Партизан, во рамки од ВТБ Супер Купот на кои доминантни улоги имаа нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и тренерот на ЦСКА Москва Емил Рајковиќ, еден млад дечко во публика реши да клекне на колена и да ја побара девојката. Ама одговорот беше неочекуван...

Кошаркарки од Африка се степаа на Светско првенство

На женскиот кошаркарски Мундијал, после мечот Србија - Мали кој Србинките го добија 81:66, две кошаркарки од африканската селекција се степале додека српските кошаркарки даваа изјава во микс зоната. Чудна и незапаметена ситуација на женско кошаркарско Светско првенство.

Симултанката на Нено Димитријевиќ против Партизан

Најдобриот македонски кошаркар од летово премина во руски УНИКС Казан каде ќе има фантастични примања, бонуси и одличен состав.

Топ 10 листа со најјаки потези на ЕП, Дончиќ ја украде првата позиција

Публиката во Германија, Италија, Грузија и Чешка, 18 дена уживаше во атрактивна кошарка од која ФИБА сигурно била на маки што попрво да издвои. Атракција до атракција, како НБА да гледаш.

Анализа на Евробаскет 2022: кој потфрли, кој изненади, кој докажа квалитет

Со триумф на Шпанија над Франција 88-76 во големото финале, заврши 41. издание на Евробаскетот 2022. Гледавме сјајни дуели, интересни средби, јаки битки кои го одржаа логорскиот оган на романтичната европска кошарка.

Седум европски прваци од Шпанија играа и против Македонија во Скопје

Кошаркарскиот доктор Серџо Скариоло стана првиот кој ги обединил светската и европска титула. Во 2019-та го крена пехарот наменет за светски шампион, а во неделата вечер по четврти пат стана шампион на Европа со Шпанија. И тоа со играчи кои ретко кои ги слушнал некаде.

Кошаркарската клиника на доктор Скариоло - четврто европско злато

Шпанија дојде на Европско без голема галама, беа сместени на 8. место на листата најголеми фаворити за злато. Речиси никој не веруваше дека екипа составена од претежно анонимни кошаркари, засилена со натурализираниот Американец Лоренцо Браун ќе може до самиот врв. Докторот на клупата, Серџо Скариоло ги разубеди сите и покажа зошто е број еден европски тренер во моментов.

Блесокот на Хернангомез кој ги шашардиса Франзуците со седум тројки

Вили Хернангомез е прогласен за МВП на Европското, ама внимавајте што правеше во финалето брат му кој постигна 27 поени од кои дури седум тројки од девет обиди. Само во втората четвртина Хуанчо Хернангомез беше немилосрден со шест тројки во шест минути.

Потоп на пресот на европските прваци

И покрај тоа што не беа меѓу главните кандидати за титулата на ова првенство, сепак Шпанците блеснаа од сенка и со триумф над Франција стигнаа до европската титула број 4. Селекторот и капитенот ги избањаа од глава до петици.

Дончиќ зајде од бунење и пцуење

Лука Дончиќ ја призна вината за елиминацијата на Словенија и изјави дека ја презема одговорноста за поразот. И покрај лошото судење на ова првенство, сепак претера со односот кон судиите кои синоќа ги пцуеше како кочијаш.

Квизот со кој Поцеко ги мотивирал Италијанците пред дуелот со Србија

Останува жал за неутралната публика што веќе на Европското нема макар уште еднаш да го види шоуменот Џанмарко Поцеко, италијанскиот селектор кој од ден на ден правеше фешта.

Италијанскиот селектор пак направи шоу

Италија може да биде задоволна од настапот на Евробаскетот зошто стигна до 1/4 финалето но може да жали за огромната шанса за пласман во големото полуфинале откако во финишот имаа можност да ја соборат Франција на колена.

Херојот на Полска кого сега го слави цела нација која претходно го напаѓаше

Матеуш Понитка е еден од главните протагонисти на сјајното Европско првенство 2022-ра година. Откако ја водеше својата селекција со учинок 3-2 во групна фаза до нокаут рундата, сега во елиминациите се прослави на најголема сцена.

Амбициозен и симпатичен коментар на Пољаците откако го урнаа европскиот првак

Со елиминацијата на Србија и Грција, не завршија сензационалните резултати на Европското. Полска и Словенија одиграа натпревар со лудачки пресврти, а на крајот со наведната глава дома си одат Дончиќ и другарите кои ја бранат титулата. Ќе се прераскажуваа оваа драма, особено во Полска.

Поцеко цепа српски

Слушнете го како зборува српски италијанскиот шоумен кој ја шокираше Србија. Првиот дел му е брз, течен и одлично изговорен.

Германскиот селектор не им ја дал кредитната картичка на играчите да се почестат

За разлика од шармантниот и лудо харизматичен италијански тренер Џанмарко Поцеко кој ја воодушеви цела кошаркарска јавност со шоуто на Евробаскетот, германскиот селектор остана ладен како шприцер и по големиот триумф за пласман во прво полуфинале за Германија од 2005-та.

Лудиот кош на Слукас од преку половина терен

Кошаркарите на домаќинот Германија ја совладаа Грција убедлвио со 107:96 и се пласираа во големото полуфинале на Европско 2022 каде ќе се судрат со Шпанија (прво полуфинале за Германија уште од 2005-та). Грците се држеа колку што се држеа преку неверојатниот Јанис Андетокумбо кој на крајот имаше 31 поен, 8 асистенции и 7 скока. А поенот на мечот го даде Костас Слукас од своја половина и тоа со звукот на сирената за полувреме.

Лука Дончиќ од тротоар

Во пресрет на четвртфиналето Словенија - Полска вечерва од 20:30, најдовме клонирана верзија на Дончиќ во Њујорк.

Јунакот на Италија откри колку пари потрошиле од картичката на селекторот

Селекторот на Италија Џанмарко Поцеко дефинитивно е прав шоумен. А играчите играат по неговите ноти и се забавуваат во комплетна слобода.

Италијанскиот селектор даваше изјава на англиски па сврте на српска пцовка

Каков лик е овој Поцеко. Задишан од преголемата возбуда која не успеа да ја исконтролира после сензацијата против Србија, даваше изјава за српски медиум. На сред зборување прво имаш: Не, не, не, не, не, а потоа за Даниловиќ рече: брате, врло брате, за на крај онака симпатично да ја изусти нашата најдобро позната пцовка.