Кошарка

За малку избегната масовна тепачка во НБА

Милвоки Бакс, најдобриот тим на Истокот, успеа да ја совлада второпласираната екипа од Западот. Милвоки беше подобар од Сакраменто Кингс 132:124. Овој меч на кој блескаше Јанис Адеткумбо со нова неверојатна партија, падна во сенка на инцидентот пред самиот крај кога Треј Лајлс од Сакраменто го оттурна Џру Холидеј, а во одбрана на соиграчот настапи Брук Лопез.

Каква вечер за Клеј Томпсон: 33 поени за 18 минути

Голден Стејт Вориорс со 123:112 го совлада Феникс, а јунак на мечот беше еден од двајцата лидери во тимот, повеќекратниот шампион Клеј Томпсон кој уфрли 38 поени од кои дури 33 во само 18 минути. Томпсон шутираше 12/18 од игра а 8/12 за три поени.

Спомените за Коби Брајант се живи во Лос Анџелес

Постојат 630 мурали за легендата, 455 во САД и уште 177 во 45 други земји. За неговата загуба се уште се жали.

Шон Кемп снимен како пука со пиштол, полицијата веднаш го уапсила

Легендарниот кошаркар на Сиетл Суперсоникс е фатен жив како вади пиштол и пука пред трговски центар. Се соочува со затворска казна.

Ако си 216 см висок, дојди ми еден на еден да ти каже чичо

Лос Анџелес Клиперс го доби Торонто со 108:100, а Кави Леонард го залепи Јакоб Поелтл на постер.

Како се разбираа Гасол и Коби?

Во друштво на сопругата, децата, родителите, како и Ванеса Брајант, Пау Гасол имаше многу емотивна вечер во „Крипто.ком“ арената, организирана во чест на повлекувањето на неговиот дрес со број 16. Со Коби функционираа фантастично и заедно освоија два прстени. Имаа хемија на терен, потврдена од страна на Брајант во соблекувална.

Емотивен говор и солзи на Гасол, дресот му го повлекоа до Коби Брајант

Лос Анџелес Лејкерс организираше церемонија за легендарниот шпански кошаркар чиј дрес со 16 оди во историјата.

Смешен момент со слободни фрлања за победа на Бостон Селтикс

Во најзанимливиот дуел на вечерта во НБА, Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс играа продолженија а на крај славеа Кавси 118:114. На самиот крај на регуларниот дел при резултат 109:109, буквално на 0,8 стотинки до крајот високиот центар на Бостон, Грант Вилијамс добива слободни фрлања за победа. И му се врти на Донован Мичел од Кливленд и му вика: „Ги давам и двете“.

Комичен потег во НБА - Адетокумбо во последна секунда се сети на трипл-дабл

Милвоки Бакс го совлада Вашингтон Визардс со 117:111 на гости и го задржа лидерското место на Истокот. До 46-ти триумф во сезоната ги носеше Јанис Адетокумбо со 23 поени, 13 асистенции и 10 скока за негов четврти трипл-дабл сезонава. Интересно, до овој учинок стигна во последна секуна кога намерно промаши шут сам под кош, со цел да ја фати одбиената топка и тоа да му се води како скок или фатена топка.

Дресот со кај стана европски првак, Перо Антиќ го продава на аукција за помош во Турција

Претседателот на КФМ се приклучи во хуманитарната акција за помош на погодените од земјотресот во Турција. Дресот со кој ја освои третата европската титула во 2017-та, вкупно трета во кариерата, го става на продажба, а парите ќе одат во донации.

Сочуван рекордот на легендарниот Пит Маравич, секунди биле во прашање

Во американската кошарка и општо американскиот спорт големо внимание се обрнува на статистики а уште поголемо на рекорди. Откако Леброн Џејмс направи историски подвиг, го урна апсолутниот рекорд на Карим Абдул-Џабар на вечната листа најдобри поентери во НБА, сега малку фалело тоа да се случи и во НЦАА универзитетската лига која е еднакво гледана како и НБА.

Оделото не секогаш те прави господин

Најтрофејниот европски стратег, Жељко Обрадовиќ кој има преполна колекција пехари, трофеи, медали, сега е тренер на неговиот Партизан од каде ја почна тренерската кариера. Во Евролига им оди добро, синоќа ја совладаа германска Алба Берлин, ама на полувреме губеа па Жељко срамотно ѝ одговори на новинарката која од Евролига е задолжена да интервјуира на полувреме.

Тренерот на Денвер: Најважното и најимпресивното кај Никола е тоа што е многу скромен

Со врвната кошарка во последниве три месеци, Јокиќ стана шести играч во историјата на НБА со 100 трипл дабл учиноци во кариерата. Големиот подвиг го смести во страшно друштво со Расел Вестбрук, Оскар Робертсон, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Леброн Џејмс. 

100 секунди лекции по кошарка од 100-от трип дабл на Јокиќ

Со 14 поени, 11 скока и 10 асистенции против Хјустон Рокетс кој Денвер го доби со 133:112, Никола Јокиќ стигна до 24-от сезонски трипл-дабл и јубилеен 100-ти во кариерата. Неверојатен лик. Како сака им ја игра кошарката на Американците.

Дрско и безобразно забивање на 19 годишник од Портланд

Запознајте го Шејдон Шарп, седми пик на драфтот избран минатото лето, роден 2003-та. Страшен потег дете. Шон Кемп вака ги забиваше.

Џејмс Харден го шашардиса својот чувар, коментаторот најјак

„Брадата“ промаши тројка во финишот против Мајами со која ќе и донесеше победа на Филаделфија која загуби 99:101. Но сепак мора да се издвои еден негов дуел еден на еден во кој го измести Виктор Оладипо. Коментаторот беше врвен: Полека бе Џејмс, па немој така, фамилија има човекот.

Лепа Брена трешти на тренинг на Далас Маверикс

По примерот на големиот Златан Ибрахимовиќ кој само што дојде во Лос Анџелес Галакси заведе ред и во соблекувална се слушаше само и само Халид Бешлиќ а подоцна и при прослава на шампионска титула на парадата ја загрме Нада Топчагиќ, така и Лука Дончиќ во Далас Маверикс на тренинг сам решава што ќе се слуша.

Демијан Лилард - 71 поен, личен и рекорд на Портланд

НБА донесе одличен викенд со неколку сјајни дуели. На дуелот Портланд Трејл Блејзерс - Хјустон Рокетс кој домаќинот го доби убедлвио 131:114, Демијан Лилард направи вистинско шоу со 71 поен, 6 скока и 6 асистенции.

Неверојатна завршница на дербито Бостон - Филаделфија, непризнат кош од цел терен

Во големото дерби на Истокот меѓу силните Бостон Селтикс и Филаделфија, славеа „детелините“, а '76 после пет триумфи по ред, го претрпеа првиот пораз. Мечот имаше луд финиш затоа што Џејсон Тејтум (МВП на Ол-старот) постигна тројка на 3 секунди пред крајот за водство 110-107. Во истиот момент Жоел Ембид фрли од своја половина и погоди неверојатен кош но не му беше признат зошто времето веќе истекло.

Како изгледа забивање преку 224-сантиметри висок центар

На мечот Црвена звезда - Алба Берлин во рамки од 25. коло во Евролига кој гостите го добија со резултат 87:72, домашнот центар Филип Петрушев го имаше најдобро забивање на колото, преку 224-сантиметри високиот тешкаш Крист Куманџе. Петрушев откако доби асистенција, тргна кон обрачот и со две раце силно заби преку џинот пред себе.

А се сеќавате ли на квадрипл-даблот на Адмиралот?

Трипл дабл учинокот стана секојдневние во НБА лигата, а само Јокиќ стигна до 103, од кои 21 сезонава. Токму овој месец или поточно на 17 февруари 1994-та, легендарниот центар Дејвид Робинсон кој цела кариера ја мина во Спарси, стигна до неверојатен квадрипл-дабл од 34 поени, 10 скока, 10 асистенции and 10 блока. Ова им успеало на само четворица во 76 годишната историја на НБА. Другите се Нејт Турмонд, Алвин Робертсон и Хаким Олајџувон.

Што да се лови во кадар, женски или тајм аут со нервозен тренер?

Кошаркарски натпревар (најверојатно во Италија) кој не успеавме да го дешифрираме, а и не е тоа толку битно. Она што може да се забележи е дека режијата е во страшна дилема, но добро си ја заврши работата. Го задржа убавиот кадар во публика колку што треба, а потоа се префрли на тајм аутот, кој со оглед на тоа како заврши, веројатно го води српски тренер.

Топ 10 за гурмани

Покрај атракциите од НБА, и во Евролига има мастраф за кошаркарските мераклии. Најдобри десет потези од најдобрите тимови на Стариот континент.