Ново ѕверско забивање на Леброн Џејмс

Лос Анџелес Лејкерс изгуби неочекувано од Шарлот 100:97 во натпревар со кој продолжи регуларниот дел од НБА лигата после долгата петдневна пауза поради Ол-Стар викендот.

Epa Images
Epa Images
Epa images

За потсетување, Леброн има 40 полни години:

Мајкл Бриџис го водеше Шарлот до победа со 29 поени, шест скока и дури пет украдени топки. Ламело Бол додаде 27 поени со шест асистенции и пет скока, Ник Смит Џуниор запиша 12 поени.

Кај ЛА Лејкерс ветеранот и најдобар играч во екипата Леброн Џејмс постигна 26 поени со 11 асистенции и седум скока. Руи Хачимура броеше до 17 поени со осум скока а Лука Дончиќ кој уште се навикнува на новата екипа имаше 14 поени, 11 скока и 8 асистенции.

ЛА Лејкерс имаше два напади за израмнување на 6 секунди до крајот но Леброн Џејмс промаши два обиди за тројка по ред и Шарлот заслужено славеше на крајот.

Ова беше втор пораз по ред за ЛА Лејкерс после серијата од дури шест победи по ред. Во моментов се петти на Запад со 32 победи и 21 пораз.

 

20 февруари 2025 - 11:07