Колкави буџети имаат кошаркарските евролигаши?

Познатиот портал специјализиран за кошарка „БаскетЊуз“ ги објави буџетите на сите клубови во Евролига за актуелнава сезона 2024/2025.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Според објавеното со најголем сезонски буџет располага најтрофејниот европски кошаркарски колектив, Реал Мадрид кој има 45 милиони евра а после него се грчките гиганти Панатинаикос и Олимпијакос со по дури 37 милиони евра буџет сезонава.

Турските Ефес Пилсен и Фенербахче со по 33,5 милиони евра буџет за 2024/2025 котираат исто високо а Барселона е близу нив со 32 милиони евра. ПАО и Олимпијакос, како и Реал Мадрид на плати за играчи и стручен штаб сезонава ќе потрошат околу 20,5 милиони евра.

Што се однесува до белградските Црвена звезда и Партизан, црно-белите имаат поголем буџет од црвено-белите. Партизан има 23 милиони евра сезонски буџет а Црвена Звезда има 22 милиони со тоа што за плати на кошаркарите и стручниот штаб црвено-белите плаќаат 14,4 милиони евра а црно-белите 13,2 милиони евра.

Дебитантот Париз кој игра одлична сезона, долго време беше прв на табела а сега е седми, има буџет од 18,9 милиони евра од кои „само“ 5,6 милиони одат на плати на играчи и тренери во стручниот штаб.

Најмал буџет во цела Евролига има германска Алба Берлин која со 14,6 милиони евра ја покрива сезоната а од нив 4,1 милион евра одат на плати за играчите и тренерите. Од управата на Алба Берлин неодамна соопштија и дека тие се само-финансираат односно немаат помош од градот или општините.

24 февруари 2025 - 13:03