Кошарка

Момче со посебни потреби постигна кош со помош на противник

Спортското витештво се уште е присутно на терените. Мичел Маркус е момче со пречки во развојот кое доби шанса да настапи на кошаркарски натпревар, а на крајот дури успеа и да постигне поен со помош на играч од противничката екипа.

Нова победа на Антиќ во Евролигата

Перо Антиќ прослави важна победа во осмото коло од Евролигата. Олимпијакос ја совлада шпанската екипа Каха Лаборал со 82:74 за четврто место во групата Ф.

МЗТ немоќен против лидерот Игокеа

Со речиси постојана контрола во играта и резултатот, најефикасниот тим во АБА регионалната лига по втор пат го порази нашиот претставник МЗТ Скопје со 81:77. Тимот од Аеродром има учинок од 11 победи и 11 порази во јадранското натпреварување.

Утката на Леброн

Леброн Џејмс ја има најдобрата сезона во неговата кариера со просек од 27 поени, 8 скока и 7 асистенции, но и тој е човек и знае понекогаш да згреши.

Мажоретка, салто, кош од пола терен

Веројатно никако не можете да ги споите овие три поими, но мажоретката Ешли Арнау од еден универзитет во Мисисипи успеа да постигне кош од пола терен и тоа со салто.

Барселона го понижи Фенербахче

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Барселона требаше да биде еден од поинтересните во осмото коло од Евролигата, но Шпанците го демолираа турскиот тим со 39 разлика по што Бо Мекејлеб се збогува со кошаркарската Евролига.

Кошаркарите на Ефес дел од феноменална скриена камера

Челниците на Анадолу Ефес сакале да снимат нова реклама за клубот во која главната улога ќе ја имаат нивните кошаркари. Тоа и го сториле, но без нивно знаење.

Кралица на бунарите

Тамам ќе помислиме дека сме го виделе најлошото слободно фрлање, веднаш ќе ни стигне ново видео. Минатата година го избравме кралот на бунарите, а овој пат ја имаме кралицата на бунарите од слободни фрлања.

Западот повторно подобар во НБА

Трета година по ред Западната конференција триумфира против колегите од Истокот на натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата. За МВП на натпреварот беше прогласен Крис Пол од ЛА Клиперс.

Цедевита на колена, МЗТ триумфираше во Загреб

Во неизвесна и драматична завршница кошаркарите на МЗТ Скопје со 78:76 успеаа на гостински терен да триумфираат против тимот на Цедевита. Јунак на мечот беше Огнен Стојановски кои погоди клучни два поени на три секунди до крајот.

Рос крал на забивањата, Ирвинг најдобар тројкаш

Во саботната ноќ на програмата на Ол стар викендот во Хјустон најатрактивни беа натпреварите во забивање и шутирање тројки. Најдобар забивач беше Теренс Рос од Торонто, а Кајри Ирвинг од Кливленд е победник на натпреварот во шутеви за три поени.

Баркли поуспешен од Шек

Со натпреварот помеѓу двете екипи скроени по вкусот на поранешните ѕвезди Чарлс Баркли и Шекил О'нил стартуваше 62 издание на НБА Ол стар викендот кој се одржува во Хјустон.

Победничка ноќ за Антиќ и Мекејлеб

Единствените двајца македонски кошаркари кои се борат во топ 16 фазата од Евролигата, победнични го завршија седмото коло во најелитното клупско кошаркарско натпреварување. Антиќ во дресот на Олимпијакос обезбеди голема победа на гостувањето против Кимки, а Бо Мекејлеб го доби турското дерби против Бешикташ.

Вил Фарел го исфрли Шек

Комичарот Вил Фарел облечен како редар во Стејплс центарот со име "Ted Vagina", го исфрли Шекил О'Нил од натпревар на ЛА Лејкерс.

Неверојатен поен од преку цел терен

Следниот пат кога некој ќе ви каже дека фрлате како девојче, покажете му го видеово. Ваков кош до сега најверојатно не е виден во историјата на кошарката.

Најдолгиот кошаркарски натпревар

Нотр Дам и Лујвил Кардиналс покажаа зошто во „НЦЦА“ лигата во Америка се игра атрактивна и неизвесна кошарка се до последната секунда. Тоа се двете екипи кои викендов го одиграа најдолгиот кошаркарски меч во историјата на Универзитетската лига кој беше решен дури по пет продолженија, а на крајот Нотр Дем славеше со 104:101. Погледнете како тоа на крајот го доживеаа навивачите.

Делии и Гробари го прекинаа српското финале

Завршниците на кошаркарските финалиња во регионов не можат да поминат без инциденти. Само неколку часа по инцидентите во грчкото финале, навивачките групи на Црвена Звезда и Партизан се судрија во Крагуевац, по што финалето не го доживеа својот крај.

Хаос во финалето на грчкиот куп

Навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос направија хаос на финалето на кошаркарскиот куп на Грција, а колега на Перо Антиќ беше погоден со ракета во главата.

Првоодделенец стана главен фраер во школо

Директорот на едно основно школо во САД им даде шанса учениците да не доаѓаат на настава во понеделникот по Супер Боул ако еден од тројца ученици погодат кош. Ученици од осмо и седмо одделение промашија во обид за три поени и на ред дојде прво одделение со обид од линијата за слободно фрлање.

Хрватски репрезентативец нокаутираше навивач

Кошаркарот на Цедевита, Марко Томас фрли сенка на завршницата на хрватски куп откако по крајот на натпреварот тој нокаутираше навивач на Цибона.

Познати забивачите на „Ол стар“ викендот

НБА ги соопшти имињата на кошаркарите кои следниот следниот викенд ќе се борат за титулата најдобар забивач во лигата. На натпреварот во забивање оваа година ќе се појават и двајца поранешни шампиони.

Барса го доби епското кошаркарско Ел Класико

Кошаркарите на Барселона го победија Реал Мадрид со 111:108 во лудо Ел Класико со две продолженија и се пласираа во полуфиналето на Купот на Кралот.

Циркускиот шут на Галинари за бесплатно тако

Денвер Нагетс имаат специјална промоција за нивните навивачи кои добиваат бесплатно тако секој пат кога тимот на домашен терен ќе постигне 110 поени. Клучните поени на натпреварот против Милвоки ги постигна Данило Галинари и тоа со „шут на векот".

Три „бунари“ на Телетовиќ

Една од полошите работи што можат да му се случат на кошаркар е да фрли „бунар". Уште полошо е тоа да му се случи два пати на еден натпревар, а најлошо е ако три напади по ред успее да го промаши кошот. Тоа му се случи на Босанецот Мирза Телетовиќ од Бруклин Нетс.