Кошарка

Четири причини за мизерниот учинок на Двејн Вејд

Во шестата пресметка од финалето на Источната конференција кошаркарите на Индијана се изборија за мајсторка против Мајами Хит. Актуелниот шампион имаше катастрофални 36% шут од поле, но еден од клучните фактори за променливата нивна игра е падот на формата на Вејд.

Детето Леброн

Не се промениле многу работи од средношколскиот период од животот на Леброн Џејмс па до денес. Тој и тогаш бил суперѕвезда и си ги растурал противничките екипи. Единствената разлика од тогаш до денес е неговата фризура.

Леброн го мотивираше Мајами

Кралот Џејмс не беше задоволен на полувремето од петтиот натпревар кога неговиот тим губеше со 4 разлика од Индијана, па реши да ги мотивира своите соиграчи.

Леброн никогаш не симулирал

Јас немам потреба од симулирање. Јас играм агресивно и не симулирам", изјави Леброн Џејмс откако беше обвинет дека се обидува да одглуми фаул. Но снимките го тврдат спротивното.

Бананата на Леброн

Индијана Пејсерс со победата од 99:92 против Мајами Хит израмни на 2:2 во финалето од Источната конференција, а моментот кој ќе се прераскажува од овој натпревар е блокадата на Леброн Џејмс над Џорџ Хил.

Данкан откри дека има раце

Сан Антонио Спарс славеа со 83:96 на гостувањето во Мемфис и ги збришаа Гризлис за пласман во финалето на НБА плејофот. Тим Данкан и покрај тоа што има 37 години е еден од централните играчи во тимот на Спарси. На последниот натпревар постигна 15 поени, а за време на третиот натпревар Данкан откри и дека има раце.

Најдоброто од Евролигата

Уште една сезона од кошаркарската Евролига е зад нас, но некои натпревари и потези уште долго ќе ни останат во сеќавање. Ова се најдобрите 10 моменти од сезоната 2012/13.

МЗТ Скопје повторно шампион на Македонија

Екипата на МЗТ го победи Кожув со 93:89 и со убедливи 4:0 стигна до новата титула во македонскиот кошаркарски шампионат. Тимот од Аеродром втора година во низа ја демонстира доминацијата во македонската кошарка со освојување на двојната круна.

Лудата завршница на Мајами-Индијана

Првиот плејоф натпревар од финалето на Источната конференција беше одлулено по едно продолжение и со звукот на сирената.

Гризлис промашија 6 пати за 9 секунди

Сан Антонио потешко од очекувањето ја забележа втората победа против Мемфис во финалето на западот и покрај тоа што имаа голема предност во текот на натпреварот. На полувремето водеа со 15 разлика, најмногу благодарени на ваквите промашувања.

Двејн Вејд оди на матурска

Во една од оние ЈуТјуб покани за матурска, девојче од Мајами го кани Вејд да и биде партнер. Го прави видеото, го пушта на ЈуТјуб и го заборава. На матурска трга со другарките, без да се надева на било што.

Дизајнирај го новиот дрес на Маверикс

Газдата на Далас Маверикс реши да ги смени дресовите на неговиот тим и бара помош од навивачите, но ако вашиот предлог биде прифатен, единствено што ќе добиете е правото да им се фалите на пријателите.

Грците импресионирани од Антиќ

По двете одлични партии прикажани во полуфиналето против ЦСКА и во финалето против Реал Мадрид, Грците направија видео во кое ги истакнаа неговите добри игри во одбраната и нападот со што Перо Антиќ беше еден од најзаслужните за втората титула во серија на Олимпијакос.

Пред и потоа

Тетоважите се составен дел од модата на НБА ѕвездите, кои од нивно лично задоволство си го “шараат“ цело тело. Зошто имаат толкав ќејф да го прават тоа не знаеме, ама фино си изгледаат и без нив. 

Забивањето на Антиќ

Перо Антиќ беше еден од најзаслужните за големиот триумф на Олимпијакос против Реал Мадрид, а овој негов потег беше прогласен за најдобро забивање на финалето од кошаркарската Евролига.

Перо Антиќ повторно на европскиот трон!

Капитенот на кошаркарската репрезентација по втор пат се најде на врвот на Европа. Перо Антиќ беше еден од најзаслужните при победата на Олимпијакос над Реал Мадрид за одбрана на титулата во кошаркарската Евролига.

Леброн Џејмс понижен под кошот

Двојниот шампион во забивање, Нејт Робинсон долго ќе го раскажува овој потег на третиот плејоф меч помеѓу Чикаго и Мајами. Со своите 175 см успеа да го “залепи“ најдобриот кошаркар во светот Леброн Џејмс.

Олимпијакос против Реал Мадрид во финалето на Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос предводени од нашиот Перо Антиќ во финалето на Евролигата ќе ја бранат титулата против екипата на Реал Мадрид која во второто полуфинале ја победи Барселона.

Антиќ и Олимпијакос ја прегазија ЦСКА

Актуелниот кошаркарски европски шампион предводен од маестралниот Перо Антиќ кој постигна 13 поени, убедливо со 69:52 ја растури ЦСКА во фајнфорот во Лондон. Олимпијакос во финалето ќе го чека победникот од средбата Барселона-Реал Мадрид.

Антиќ во одбрана на европската круна

Нашиот репрезентативец Перо Антиќ, е пред огромен предизвик со грчки Олимпијакос да ја одбрани титулата во најквалитетното европско клупско кошаркарско натпреварување. Полуфиналниот дуел од 18 часот против ЦСКА Москва претставува реприза на минатогодишното финале.

Леброн му ја краде рутината на Реј Ален

Најкорисниот играч во НБА лигата и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс нема многу слаби страни, а единствено е „просечен" при изведувањето на слободни фрлања, но работи напорно на унапредување и на ова поле.

Партизан владее со регионалната кошарка

Во завршницата на 12-та сезона од Јадранската кошаркарска лига која за нас ја одбележа премиерниот настап на македонскиот шампион МЗТ Скопје, кошаркарите на Партизан го совладува големиот ривал Црвена Звезда.

Најдоброто од НБА

Во регуларниот дел од НБА лигата беа одиграни многу неизвесни натпревари полни со интересни потези и моменти, но на крајот најмногу во сеќавање остануваат забивањата. Ова се најдобрите забивања и цепелини од регуларниот дел на сезоната.

Забивање без респект

Најдобар потег на досегашните плеј-оф натпревари од НБА лигата, без конкуренција е дрското забивање на Рој Хиберт од Индијана Пејсерс на мечот против Атланта Хокс.