
Леброн шутира, додава, брани, скока, но од линијата за слободни фрлања во неговата НБА кариера шутира со 74%. Тој оваа сезона успеа дури да ја поправи реализацијата за три поени и се искачи над 40%, но никако не може за слободни да ја мине границата од 80% во една сезона.
Но тој во моментов работи на подобрување на ова поле и тоа со најдобриот од неговиот тим - Реј Ален. Неговиот соиграч во својата кариера од слободни шутира со 89% па Леброн работи на целосно копирање на неговата рутина.
„Работиме на неговото одвикнување од потклекнување пред да шутира. Го простудирав начинот на кој шутира и мислам дека токму тоа негово наведнување го изместува од позиција", изјави Ален.