Во Стејплс Центарот во Лос Анџелес, Голден Стејт им одржа лекција на „езерџиите" во подготвителниот натпревар, а добра вечер имаше и Детроит Пистонс против Милвоки Бакс. Играчите што играа на светското во Шпанија останале во добра форма.
Кошаркарите на Алба со кош во последните мигови од средбата направија сензација против Сан Антонио Спарс во полната „О2 арена“ во Берлин каде настапи и македонскиот репрезентативец.
Меѓу осумте пријателски средби доцна вчера се играа и два НБА класици. Вориорс подобри од Клиперс, Хјустон од Далас во тексашкото дерби. Првиот пик на драфтот, Ендрју Вигинс почна да ги оправдува очекувањата уште на подготвителните натпревари.
По поразот во првото коло од Мега Визура, „металците" вечерва го славеа првиот триумф во новата сала. Александар Цветковиќ и Георги Цинцадѕе најзаслужни за победата против Задар 72:58.
Немаше никакво забивање, имаше груб фаул по кој реагираше Ноа кој за малку не се фати во клинч со Пол Пирс кој му брцна со прст во око. А натпреварот меѓу Булс и Визардс требаше да биде пријателски.
Играчите кои ја прославија најдобрата кошаркарска лига на светот, најчесто ги препознаваме по нивните прекари кои ги добија за време на активните кариери. Потеклото на нивните прекари има чудни корени.
МЗТ Скопје не успеа и по трет пат со победа да ја почне сезоната во Јадранската АБА лига, откако вечерва после продолженијата загуби од Мега Визура 103:95 (84:78).
Сјајот на големото градско дерби кое ќе го гледаме годинава во македонската кошарка, го најавија двете навивачки групи кои деновиве се натпреваруваат кој ќе направи повпечатлив графит. Навивачите на МЗТ ја потенцираа препознатливата боја на клубот, а оние на Работнички се инспирираа од скеч на К-15.
ФИБА направи две топ листи од Светското првенство во кошарка. На првата ќе може да се потсетите на најдобрите забивања каде на прво место е Србинот Никола Калиниќ, додека за најатрактивен поен е прогласен шутот за три поени на Турчинот Емир Прелиџ.
Според истражувањето на IEG, компанија специјализирана за спонзорства, најсилната кошаркарска лига во светот за една година остварила приходи од 5,7% со вкупна сума од 679 милиони долари.
Американскиот портал Бличер репорт направи листа со по еден играч во сенка кој може да биде клучен за својот тим во новата сезона во НБА лигата. Ветеранот Винс Картер е посочен кај Мемфис, а Хрватот и дебитант Бојан Богдановиќ во Бруклин Нетс.
Лидерот на Маверикс кој од 2001 година има испуштено само еден Ол стар викенд, замина во Германија за да го проследи документарецот за неговата кариера во кој се појавуваат Барак Обама и Коби Брајант.
Откако го пропуштија Светското првенство во Шпанија, најголемите кошаркарски ѕвезди од Европа, ќе се обидат да обезбедат пласман на ОИ во Рио преку континенталниот шампионат следната година.
САД повторно се качија на врвот, Кајри Ирвинг се докажа и на интернационално ниво, Ѓорѓевиќ правеше чуда со Србија и Коле со Франција без ѕвездите во тимот, а Шпанија повторно разочара, овојпат на домашен паркет.
Кошаркарите на САД го освоија 17. издание на Мундијалите, откако вечерва супериорно ја совладаа Србија 129:92 и на тој начин ја одбранија титулата освоена пред 4 години во Турција.
По Литванија и САД, репрезентацијата на Србија е третиот полуфиналист на СП во Шпанија, откако вечерва со 24 разлика им се одмазди на кариоките за поразот во групната фаза.
Воениот конфликт кој ја зафати Украина влијаеше и на спортот во оваа земја, така што многу професионални спортисти беа принудени да бараат чаре на друго место.
Дуелот од 1/8 финалето на СП во Шпанија меѓу Србија и Грција донесе и „безобразно“ забивање од страна на српскиот репрезентативец, кој го залепи Гркот Бурусис за постер.