Стречерси за плејофот на Истокот

По четири поминати кола Бошко, Мите и Џиги се покажаа како одлични прогнозери во НБА плејофот. Три од осумте парови веќе имаат разрешница која ја погодија, а по анализата на Западот, сега ќе ги чуете предвидувањата за Источната конференција кои се совпаѓаат со тоа што го рекоа пред да почне.

Кливленд - Детроит, прогноза на Џиги 4:2, прогноза на Бошко 4:0 (конечни 4:0) 
„Иако Кливленд се фаворити, едностано немаат одговор за Драмонд. Тука е и Колдвел кој знае секого да затвори, а се сеќаваме што му направи и на Кари. Тежок меч. Инаку Кливленд го има Леброн кој може сам да ја победи екипата“. 
Торонто Репторс - Индијана Пејсерс, прогноза на Мите 4:1, прогноза на Џиги и на Бошко 4:2 (моментални 2:2) 
„Ова е идеален мечап за Торонто кој сезонава три пати ја победи Индијана. Три сезони испаѓаат во прво коло и конечно се созреани да го поминат ова коло. Индијана нема играчи кои може да го поттикнат тимот да го поминат Торонто“. 
Мајами Хит - Шарлот Хорнетс, прогноза на Мите 3:4, прогноза на Бошко 4:3 (моментални 2:2) 
„Многу интересен пар во кој и двете екипи во сезоната имаат ист скор 48:34, а едните се трети, а другите шести во дивизиите. Ќе биде изедначено“. 
Атланта Хокс - Бостон Селтикс, прогноза на сите тројца 3:4 (моментални 2:2) 
„И овии две екипи имаат ист скор. Ако си кошаркарски бубалица ова ќе ти биде најинтересн дуел поради нивните тренери кои се потковани аналитички и статистички“.
 
26 април 2016 - 11:11