Кошарка

Данкан измамен од финансискиот советник со 20 милиони долари

Кошаркарот на Сан Антонио Спарс има одиграно 18 сезони во НБА. Тој доминираше во секоја од нив, но не успеа да ги контролира парите.

Фемили Аеродром vs Ивица Конески

И покрај завршувањето на сезоната и освојувањето на титулата во домашниот шампионат продолжува конфронтацијата меѓу навивачите и управата на МЗТ Скопје која се води преку медиумите и социјални мрежи.

Финалната нота на НБА со најдобра симфонија

„Не знам, но за мене ништо не си постигнал ако си загубил. Не е важно дали играм во Мајами, во Кливленд или на Марс", изјави Леброн Џејмс откако не можеше сам против оркестарот на Голден Стејт предводен од маестро Стив Кер.

Гордата мајка на Кари

И како нема да биде горда, синот за прв пат и стана шампион во НБА, а беше прогласен и за МВП во лигата. Неговите победи освен како пристрасна мајка, ги доживува и како спортист, бидејќи е поранешна одбојкарка.

Голден Стејт е новиот владетел во НБА

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се нови НБА шампиони, откако синоќа го совладаа Кливленд и ја затворија серијата со конечни 4-2 во победи. Андре Игудала МВП на финалната серија.

Леброн Џејмс нема раат од Андре Игудала

Нема да освои МВП, но неговиот тренер веќе го прогласи за најголем адут во финалната серија. „Против Леброн секогаш носи најдобри одлуки, за што сведочат и 7-те асистенции и ниту една загубена топка", изјави Кер за Андре Игудала.

19 годишен Латвиец откритие на Драфтот во НБА?

НБА Драфтот ќе се одржи за помалку од две недели, а во потесниот избор би можел да влезе еден латвиски кошаркар кој ги воодушевил скаутите во САД.

Голден Стејт поведе со 3-2 и е на чекор од титулата во НБА

Четири натпревари Кливленд Кавалирс се потпираа на надчовчеките офанзивни способности на Леброн Џејмс, а синоќа на петтиот натпревар конечно и Стеф Кари покажа зошто е МВП и го доближи Голден Стејт до првата титула после 40 години.

Антиќ меѓу најдобрите дефанзивци во НБА

Патот на двократниот европски првак до НБА се покажа како вистински чекор за Перо Антиќ. И покрај тоа што сезонава најчесто влегуваше од клупа, најсилната кошаркарска лига на својот веб сајт го величи за неговата игра.

Леброн VS Камера 0-1

Ем не му одеше цел натпревар, ем во еден момент толку силно се плесна со глава во камерата што не се знаеше дали ќе го продолжи мечот.

Контра удар на Вориорс, убедливо до 2-2

Кошаркарите на Голден Стејт успеаа да го сведат Леброн Џејмс на само 20 поени и лесно го вратија брејкот во финалната серија против Кливленд Кавалирс.

Интервју со Леброн Џејмс на 16 години

Неговата желба додека играл во колеџ лигата е да заигра во НБА и да стане најдобар. Ете го во НБА со две шампионски титули и во трка за трета. Го прашуваат и за американскиот фудбал кој престанал да го игра откако го скршил зглобот.

Делаведова и Џејмс ги изрешетаа Воините за 2-1 во финалето

Човекот со мисија, Леброн Џејмс се наоѓа на две победи од еден од најголемите подвизи во историјата на НБА финалињата. Кливленд синоќа го совлада Голден Стејт, а јунак од сенка на Кавси е Австралиецот Метју Делаведова.

Трипл дабл на Леброн Џејмс за 1-1 против Голден Стејт

Предводени од Кралот Џејмс, кошаркарите на Кливленд успеаа да стигнат до брејк на вториот гостински дуел против Голден Стејт и да израмнат на 1-1. Очајниот шут на Кари го пресуди мечот, во среда се игра третиот во Охајо.

Триумф на Голден Стејт, Кливленд го загуби Кајри Ирвинг

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 1-0 во големото финале, откако синоќа после продолжението го совладаа Кливленд Кавалирс 108-100. Леброн Џејмс не можеше сам против тимската игра на Воините кои ги поделија поените. Ирвинг се повреди во финишот.

Let's get ready to rumble!

Најдоброто ниско крило на сите времиња против најдобриот шутер на сите времиња. Досега невидено атрактивната и иновативна игра на Вориорси против Леброн и дружината кои се решени да пишуваат историја. Никогаш со такво нетрпение и спортска љубопитност не сум очекувал да започне финалната серија.

Што прават ѕвездите од легендарниот НБА драфт 1998

Тоа е година која ја паметиме по кичмата која Џордан му ја скрши на Расел во последниот напад за 4:2 во финалето, но тогаш беа драфтувани и двајца идни членови во Куќата на славните, неколку Ол стар играчи и славни кошаркари.

Убиството на таткото на Стив Кер и приказната за еден шампион

Тежината со која се носел по веста за убиството на неговиот татко, му овозможила на Стив Кер да се изгради себе како совесен татко кој на екипата гледа како на едно семејство.

За метлата на Атланта и кумашините во Хјустон

По збришката на Атланта со 4-0 и толчењето на Хјустон со 4-1, првото прашање кое се наметнува е: дали Кливленд и Вориорси беа прејаки или Атланта и Хјустон беа преслаби!? Кошаркарски гледано, ми навагнува втората претпоставка.

Што имаат заедничко Леброн Џејмс и Стеф Кари?

Освен што и двајцата го креваа трофејот за МВП на годината, најдобрите кошаркари во НБА се родени во исто место, во иста болница во Охајо. Само два пати во последните седум години МВП кошаркари не биле родени во иста болница.

Голден Стејт во НБА финале после четири децении

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се пласираа во големото финале, откако со 4-1 ја добија серијата против Хјустон.

Атланта декласирана, Кливленд во финалето со 4-0

Кавси не оставија сомнеж кој е најдобриот тим на Истокот, откако синоќа со 118-88 ја прегазија Атланта во Квикен Лоанс Арената и обезбедија пласман во големото финале.

Канонада од тројки, Харден го остави Хјустон во игра

Кошаркарите на Хјустон Рокитс намалија на 3-1 во серијата со Голден Стејт, откако синоќа славеа 128-115. Овој натпревар беше рекорден по тројки во плејофот. Голден Стејт уфрли 20, а Хјустон 17 и тоа е најмногу во историјата.