Кошаркарите на МЗТ Скопје се спремаат за полуфиналето од плејофот против Фени Индустри (во две добиени), а за тоа време високиот центар ја развил способноста да комуницира со врапчињата кои имале порака до словенечкиот тренер.
Да те победи екипа во која игра ‘будалата’ Џеј Ар, во која игра Шамперт кој не можеше да погоди базен со камен, во која првиот плеј Ирвин игра со една нога к’цканката, а стартерите Кевин Лав и Варежао се дотерани матуранти на клупа...
Кошаркарите на Хјустон демонстрираа карактер и откако губеа 3-1 во серијата со ЛА Клиперс, победија три средби по ред и со вкупни 4-3 се пласираа во големото финале на конференцијата каде ги чека Голден Стејт.
Кошаркарите на Кралскиот клуб ја освоија деветтата титула во својата историја, а прва по 1995. година откако вечерва го совладаа Олимпијакос 78:59 во Мадрид.
Откако изборија мајсторка во серијата против ЛА Клиперс, кошаркарите на Хјустон ги вратија сеќавањата на Клач Сити генерацијата на Рокетс кои во 1994 и 1995 го освојуваа шампионскиот пехар во НБА.
Голден Стејт Вориорс и Атланта Хокс одат во конференциските финалња. Во натпреварот број 6, Воините го совладаа Мемфис, а ќе се памети шутот на Стеф Кари.
Кошаркарите на Олимпијакос трет пат во последните четири години ќе играат во финалето на Евролигата, откако во драматична завршница ја совладаа ЦСКА Москва 70:68.
За време на плејоф дуелот во НБА меѓу Атланта и Вашингтон камерата улови еден пар кој требаше идеално да ја одигра улогата во кадарот на кис кам. Се занесоа па случајно ги потурија со пиво луѓето под нив.
Кошаркарите на Кливленд влегоа во конференциското финале и го чекаат противникот. Кој ќе биде финалист на западот ќе се знае после седмиот натпревар меѓу ЛА Клиперс и Хјустон Рокетс.
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс и Атланта Хокс се на чекор од пласман во конференциското финале, откако синоќа повторно ги победија Мемфис Гризлис односно Вашингтон Визардс.
Кошаркарите на Кливленд се на чекор до финале на Истокот откако со 3:2 победија во плејоф серијата против Булси. Истиот резултат е и на другата пресметка, каде Рокетски намалија на 3:2.
Фудбалерите на Баерн Минхен со пресврт во второто полувреме славеа на реванш полуфиналниот дуел со 3:2. Резултат кој не им беше доволен за финале, откако првата битка на Камп Ноу ја загубија со 3:0.
Кошаркарите, навивачите, маскотите, сите беа дел правеа шоу во најгледната и најквалитетната кошаркарска лига во светот. На Стефон Кари направи сè му успеа со топката, па почна да додава со патиката.
Во 13-та сезонска победа на неговиот Вецлар, Дејан Манасков постигна шест голови, од кои еден беше право ремек дело. Вецлар во моментов е деветто пласиран по 26. одиграни кола.
Навивач на Индепендиенте во Аргентина во улога на новинар го следел пресот по мечот на неговиот клуб со Бока Јуниорс (1-1). На крај од конференцијата ја покажува својата љубов кон омилениот клуб на дело.
Вашингтон и Атланта одиграа драматичен натпревар во кој ветеранот Пирс јуначки го реши мечот за водство од 2:1. На вториот меч најдобриот тим на западот, Голден Стејт загуби од Мемфис со 10 поени разлика.
Дерик Роуз беше јунак на третиот плејоф меч на кој со тројка во последните мигови им донесе водство на Булси против Кливленд од 2:1. На другата средба Клиперси убедливо го совладаа Хјустон, а најдобар на средбата беше Остин Риверс, синот на тренерот на Лос Анџелес.
Оваа сезона 16-те екипи, плејоф натпреварите ги стартуваа со рекордни 58 кошаркари кои не се родени во САД. Најинтернационален тим беше Сан Антонио Спарс кој беше елиминиран во претходната фаза.
Шек работи како стручен консултант во емисијата ТНТ заедно со Чарлс Баркли. Во намера да го претрка колегата во анализите на полувремето, се сопна од каблите и се испружи колку што е долг. Подоцна на Твитер објави дека дава 500 долари за најдобрата шега на сметка на неговиот пад.
Плејмејкерот на Голден Стејт синоќа го прими признанието за МВП на сезоната, а кога ќе видите што правел цела сезона со рацете, ќе ви дојде да кажете па овие и џабе го чувале.