Победа на Чикаго со звукот на сирената, Хјустон прегазен

Дерик Роуз беше јунак на третиот плејоф меч на кој со тројка во последните мигови им донесе водство на Булси против Кливленд од 2:1. На другата средба Клиперси убедливо го совладаа Хјустон, а најдобар на средбата беше Остин Риверс, синот на тренерот на Лос Анџелес.

Хјустон Рокетс - Лос Анџелес Клиперс 99:124 (1:2)

Остин Риверс оствари личен рекорд во НБА од 25 поени во убедливата победа против Хјустон, а најголема помош доби од Блејк Грифин кој имаше дабл-дабл ефект од 22 поени и 14 скока.

Блејк Грифин ја запали публиката

Атрактивната асистенција на Остин Риверс

Кливленд - Чикаго Булс 96:99 (1:2)

Роуз беше лидер на Булс со 30 поени, а по него најпрецизен беше Џими Батлер кој постигна 20 коша.

 

Со оваа асистенција Леброн Џејмс го мина Лери Бирд и се искачи на четвртата позиција на најдобри стрелци во историјата на НБА лигата.

Џејмс во дуел еден на еден

Уште едно забивање на Кралот

Победничката тројка на Дерик Роуз

Топ 10 потези на вечерта