Кошарка

Ги паметите ли Магзи Богс и Мануте Бол?

Како никогаш и никаде претходно, во исто време во една НБА екипа играа највисокиот кошаркар после Мурешан во НБА и најнискиот во историјата на оваа лига.

Баркли го набуцка, па Шек заби во чевли и одело

Чарлс Баркли и Шекил О’Нил беа доста активни за време на Ол Стар викендот. Во еден момент ставија кладба, т.е. Баркли тврдеше дека Шек (43) е стар, дека има многу килограми и дека не може како порано, на што гигантот одговори на паркетот.

369 поени и спектакл од тројки и забивања

Најдобрите светски кошаркари од Западната конференција во НБА ги совладаа колегите од Истокот 196:173 во мечот кој го одбележаа неколку рекорди и опростувањето на Коби Брајант.

Што ти е старост во улога на Ти-Мек

Трејси МекГрејди беше суперѕвезда во НБА во раните '2000-ти кога даваше по 25-30 поени во просек за Орландо Меџик и Хјустон Рокетс. Викендов 36-годишниот Ти-Мек се појави на Ол-Стар мечот Селебрити и ја покажа разликата на младоста и староста.

Клеј Томпсон најдобар тројкаш, Лавин забивач

Кошаркарот на Минесота, Зак Лавин го победи најголемиот конкурент во натпреварот на забивања Арон Гордон од Орландо и втора година по ред ја освои титулата во ова шоу. Кај тројкашите, Томпсон го совлада клупскиот колега Стеф Кари.

Најдобрите 5 кошаркари на сите времиња

ЕСПН со помош на гласање на аналитичари ги одбраа најдобрите 100 кошаркари во историјата на НБА лигата. Нема дилеми околу првото место.

Ол Стар или седми меч од плејоф, за Коби нема разлика

65-от Ол Стар натпревар ќе се игра во недела на 14. февруари во Ер Канада центарот во Торонто, за првпат надвор од САД. На него по 15-ти, последен пат во кариерата ќе игра Коби Брајант.

Честа да ти го повлечат бројот на дресот

Низ НБА поминале илјадници кошаркари, но само неколку од нив станаа бесмртни откако клубовите за кои играа, решија да го повлечат од употреба бројот на дресот кои легендите го носеле.

Грег Поповиќ е Грег Поповиќ

Суптилно, кратко, јасно и гласно. Без многу тетеравење, во свој стил, Грег Поповиќ одговори зошто неговиот Сан Антонио одиграл лоша прва четвртина.

Бездомникот од Тексас кој ја победи судбината

Растен без родителите кои го избркале како мал, Џими Батлер бил вдомен кај жена која го одгледала и воспитала на прав начин. Бил скитник, а сега треба да потпише договор вреден 70 милиони долари.

Со 175см да залепиш центарски тешкаш

Плејот на Бостон Селтикс, Ајзеа Томас има голем одраз, така што висината од 175 сантиметри не му смета да лупа банани и на некои повисоки играчи, како на пример на ДеМаркус Казинс, најдобриот играч на Сакраменто Кингс.

Држи се до скоковите и блокадите

Французинот Руди Гоберт висок 216 см, ланска сезона за Јута Џез имаше просек од 9,5 скокови и 2,3 блокади по натпревари. Нека се држи до тој дел од играта.

Најголемите умови на европската кошарка

Успешноста во спортот се мери според освоените трофеи, а неколку европски тренери го имаа рецептот како се качува на тронот. Еве ги најуспешните меѓу нив.

Лажњак на денот во НБА

Ленгстон Галовеј од Њујорк Никс го има потегот на денот по кој добро е што неговиот чувар не заврши во публика.

Од НБА кошаркар до платен убиец во Уганда

Многу поранешни НБА играчи завршуваат во коцкарски долгови, се пијанчат, користат наркотици и водат неуреден живот. Но ниту еден не отишол до крај како Џон Брискер, кој се борел во Африка за пари.

Грузиски Ол-Стар

Мечот на сите ѕвезди од грузиското кошаркарско првенство нè тера да подразмислиме кој ги бирал овие играчи за овој натпревар?

Слободни фрлања по старски

Ваквите слободни фрлања се практикувале пред 50 години или кога Лазар Лечиќ бил тренер. За помладите меѓу кои сигурно има и некој кој прв пат гледа вакво нешто, се појави пример од универзитетска лига во САД, скроз нетипично за кошарката која ја гледаме во 2016-та.

Бегај дур можеш во кинеската кошарка

Џејсон Максиел кој после 10 години во НБА, сега игра за кинескиот клуб Тјанџин буквално здиве на мечот по еден груб фаул од центарот на Шандонг Ву Ке. Максиел тргна по него и го бркаше по цел терен додека Мајкл Бисли не го смири.

Како Грег Поповиќ станал тренер?

„За разлика од другите тренери, Поп навистина сака да знае како сте, како живеете. Ја разоткрива вашата личност и точно знае што можете а што не“, раскажува за првите тренерски денови на Грег Поповиќ еден од тогашните студенти на колеџот Помон.

Џордан со затворени очи за Мутомбо

Летечкиот Мајкл до таа мера уживаше во баскетот што често слободните фрлања ги изведуваше со затворени очи, и погаѓаше.

Вечно дерби со сите салтанати

Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ го препородува белградски Партизан кој до пред 2 недели се бореше за опстанок во АБА лигата, а синоќа ја врза третата победа по ред и тоа против најомразениот ривал 86-81. Дербито помина очекувано, со многу провокации и инциденти.

Кога изведба на химна ќе те извади од патики

Офицерот Карлтон Смит работел на мечот меѓу екипи од Западна Вирџинија. Како поранешен учесник на вокалното шоу Американски идол, пеачката Лесли Дорчестер го препорачала полицаецот да ја испее химната пред кошаркарскиот дуел. А тој не само што ја испеа, туку ја искина.

Играш баскет во маало и ти доаѓа Шек

Децава галамат на баскет и некој им вика полиција, а потоа се појавува ѕверот кој растел во истото маало да расчисти ситуација.

Зошто Блат не можеше против Леброн и опкружувањето

Еден од главните НБА инсајдери и прилично голем хејтер на Леброн Џејмс, Едриан Војнаровски раскажува за актуелната ситуација во Кливленд, откако франшизата реши да го избрка тренерот Дејвид Блат.