МВП на финалето во НБА и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кавај Ленард по историскиот успех со Торонто, летово стана слободен агент и е пред потпис со ЛА Клиперс. По повод неговото заминување од Канада, еден навивач на Репторси смислил оригинален гест за повлекување на дресот на Кавај.