
Секој ден, секоја недела, секоја сезона што поминува ова 18 годишно момче руши рекорди. Во вторникот стана најмладиот играч во Евролигата со индекс рејтинг од 41, податок што уште еднаш ја потврдува неговата комплетност како играч.
Кошарката е напревена од бројки, поени, скокови, офанзивна ефикасност и токму неговите неверојатни бројки направија сите да останат со отворена уста.
Но кај него има нешто што уште повеќе импресионира, а тоа не влегува во ниту една статистичка категорија. Игра опуштено, а тоа не се учи и не се тренира, или го имаш или го немаш. Има способност да остане под контрола во секоја ситуација, а тоа го имаат само најдобрите во спортот.
Кога игра се забавува, насмеан е и го живее сонот. Изгледа како некој лик од бајка.
Сериозен е и пред се ги почитува другите. Никогаш не се жали ако не му ја подадат или ако му ја подадат погрешно и ниту му вратил нешто на тренерот ако му даде забелешка. Кога е на клупа секогаш стои за да им даде поддршка на своите соиграчи. Кога Словенија го освои Европското, тој беше прв кој се доближи до навивачите за да им се заблагодари и да им ја посвети победата.
Секогаш е умерен. Живее во свет каде секој ден од сабајле до вечер му велат дека е феномен, а тој им одговара да не претеруваат, бидејќи има уште да учи. Од кого? Од Љуљ, од Дончиќ. Така барем вели тој.
Прекрасно е да се гледа како игра бидејќи секој меч прави нешто ново и бидејќи со текот на времето постојано напредува.
Тој е пред се нормален човек, а нормалноста е голем квалитет. Пред некој месец во Евролигата во Мадрид играа Реал и Црвена Звезда еден час пред стартот на мечот, кога играчите се загреваат, има малку луѓе на трибините, а тие што довикуваат се слушаат до паркетот.
Во близина на аут линијата неколку фанови извикаа: Рудиииииии, Рудииииии, а тоа се однесуваше на Фернандез. Руди ниту еднаш не се сврти. Се случува, се концентрира на својата работа. Истото важи и за Рејес, Тејлор и другите.
Само еден кошаркар се сврти да ги поздрави навивачите. Потоа се стрча од едниот кош до другиот за да поздрави едно мало дете кое ги истроши гласните жици викајќи по него. Дететото беше во рацете кај својот дедо, а тој дојде до него и го погали додека му се насмевнуваше.
Детето целосно се збуни, бидејќи не го очекуваше тоа, потоа се стопи и се насмевна гушкајќи го дедо му.
Во секој од нас има нешто магично. Во Дончиќ малку повеќе.