Тешка разделба на Никола Вучевиќ од националниот тим

Црна Гора, неочекувано загуби од Велика Британија со 89:83 во последното коло од Б групата и мораше да се помири со елиминација во последното коло на Евробаскетот. Најтешко му падна на Никола Вучевиќ.

Центарот на Чикаго Булс одигра фантастична партија со 31 поен, 11 скока и 7 асистенции, со одличен процент на реализација 12/18.

Но ова за него беше последниот натпревар во дресот на Црна Гора, со која не посакуваше вака да му заврши репрезентативната кариера.

35 годишниот Вучевиќ го заврши турнирот во просек со дабл-дабл учинок и 34 минути по натпревар.

Ова за него беше четврто Европско (2011, 2013, 2017, 2025), а има и две учества на Светските првенства (2019, 2023).

Не можеше да зборува од мака.

4 септември 2025 - 08:21