Страшен пад на Никола Јовиќ, цела сала се шокираше

По само 12 секунди на паркетот на натпреварот Мајами Хит - Торонто Репторс кој канадската екипа го доби 106:96, српскиот репрезентативец Никола Јовиќ доживеа страшен пад под едниот кош. Го повредил лактот но за среќа како што соопшти тренерот на Мајами Ерик Сполстра, нема никаква скршеница ниту набиеница.

„Луд Србин! Не можев да верува дека се смее, се смееше... Веројатно ги виде изразите на нашите лица...“ изјави Ерик Сполстра после натпреварот и додал: „Страшен пад беше, но изгледа дека избегнавме куршим. Го расече лактот, крвареше. Но скенерот е негативен (нема скршеница) што е добра работа, но ќе има оток сигурно некое време. Направивме и МРИ да бидеме сигурни дека се е во ред, коските се во ред, но поради силниот пад изгубил чувство во раката, но повторувам, изгледа дека избегнавме куршум“.

Торонто предводен од српскиот тренер Дарко Рајаковиќ ја забележа 16-та победа во сезоната благодарение најмногу на Брендон Инграм кој постигна 28 поени со по пет скока и асистенции, Скоти Барнс кој даде 17 поени со 10 скока и шест асистенции и 15 поени на Имануел Квикли. 

Standings provided by Sofascore
16 декември 2025 - 12:30