Спектакл во чест на Горан Драгиќ со Јокиќ, Дончиќ, Новицки, Стив Неш и други

Легендарниот НБА кошаркар и долгогодишен капитен на Словенија Горан Драгиќ вечерва се прости од активното играње кошарка а на прошталниот натпревар во Љубљана дојде светскиот кошаркарски крем.

Бројни НБА и евролигашки ѕвезди, играчи, тренери вечерва пред преполни трибини во култната сала „Стожице“ во Љубљана направија спектакл.

Играа тим Лука против тим Гоги.

За Тим Лука настапија:

Тренери: Игор Кокошков, Александар Сале Ѓорѓевиќ, Алеш Пипан, Радо Трифуновиќ, Меми Бечировиќ и Зоран Мартиќ.

Играа: Лука Дончиќ, Богдан Богдановиќ, Луис Скола, Никола Јокиќ, Робин Лопез, Алексеј Николиќ, Матиќ Ребец, Бен Удрих, Јака Блажиќ, Едо Муриќ, Боштјан Начбар, Урош Слокар, Саша Загорец, Михо Зупан, Бобан Марјановиќ, Гашпер Видмар, Дејан Бодирога, Дирк Новицки, Мирослав Бериќ и Џош Ричардсон.

За Тим Гоги:

Тренери: Александар Џикиќ, Спасоје Тодоровиќ, Кевин Мекхејл, Алвин Џентри, Јуре Здовц, Крис Квин и Далибор Дамјановиќ.

Во салата меѓу другите како гости беа присутни и Дејан Бодирога и Предраг Даниловиќ кои добија големи овации од трибините.

Очекувано, најголемо шоу правеа Дончиќ, Јокиќ и Богдан Богдановиќ, големи пријатели на и надвор од теренот.

Прв шоуто го украде Јокиќ кој на самиот старт на мечот заби на сопствена асистенција од табла и го запали гледалиштето:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BasketNews (@basketnews)

Јокиќ, Дончиќ и Богдановиќ, заедно со Бобан Марјановиќ правеа циркус во текот на целиот натпревар, па и на тајм-аутите:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportal.rs (@sportalrs)

Интересно, во еден момент натпреварот се прекина и браќата Драгиќ, Зоран и Горан играа еден на еден. Овој нивен дуел го судеше нивниот татко Маринко а резултатот на семафорот го водеше мајка им. На крајот Горан победи 5:3:

Крис Бош првпат на паркетот уште од 2016-та:

Хит беше и Бобан Марјановиќ, највисокиот кошаркар во НБА во последниве неколку сезони кој погоди и тројка и ги изнасмеа присутните: 

 Во еден момент на паркетот се наместија и мали голови па фудбал заиграа: Ребец, Богдан Богдановиќ, Загорац, Едо Муриќ и Дончиќ против браќата Драгиќ, Стив Неш, Саша Павловиќ и Рашо Несторовиќ. По крајот на фудбалскиот дуел на видео бим беше пуштена и видео порака од Лука Модриќ кој го поздрави Драгиќ и како подарок му испратил дрес од Реал Мадрид со автограми од целата екипа на „кралевите“.

На крај тимот Гоги победи 108:86.

Во својот последен меч во кариерата Горан Драгиќ уфрли 23 поени, 11 скока и седум асистенции. Во неговиот тим ефикасни беа уште и Клемен Препелиќ со 19 поени и Никола Вучевиќ со 10. Во спротивниот табор Бобан Марјановиќ уфрли 19 поени, Никола Јокиќ 15 поени со девет скока и пет асистенции.

24 август 2024 - 22:37