Сан Антонио Спарс славеше синоќа против Јута Џез 128-110 и стигна на учинок од 10 победи и 8 порази во НБА лигата. Одново и очекувано поентерски лидер кај Спарс беше Виктор Вембанјама кој постигна 34 поени со седум скока и две асистенции. Посебно се издвои едно негово интересно забивање без скок.