Смешен момент со слободни фрлања за победа на Бостон Селтикс

Во најзанимливиот дуел на вечерта во НБА, Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс играа продолженија а на крај славеа Кавси 118:114. На самиот крај на регуларниот дел при резултат 109:109, буквално на 0,8 стотинки до крајот високиот центар на Бостон, Грант Вилијамс добива слободни фрлања за победа. И му се врти на Донован Мичел од Кливленд и му вика: „Ги давам и двете“.

Во продолженија Кливленд славеше 118:114. Најефикасен на мечот беше Донован Мичел со 40 поени и 11 скока, а кај Кливленд сјајни беа уште и Еван Мобли со 25 поени и 17 скока, како и Дариус Гарланд со 17 поени и 12 асистенции. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SportsCenter (@sportscenter)

Кај Бостон не играше МВП на Ол-старот Џејсон Тејтум, а најефикасен беше Џајлен Браун со 32 поени, 13 скока и девет асистенции. Добар учинок имаа уште и Малколм Брогдон со 24 поени, а по 12 запишаа Вилијамс и Дерик Вајт.

Селтикс се втори на табела на Истокот со 45 победи и 21 пораз а Кливленд е четврти во истата дивизија со 41 триумф и 26 загубени средби.

 

7 март 2023 - 08:35