Што прави Јокиќ на лето и зошто го нема по јахти?

Никола Јокиќ во 2022-та го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА, вреден 276 милиони долари на 5 години. Но тоа не му ги менува навиките. Никола едноставно си e Никола.

Многу богати спортисти прават пич паради по социјални мрежи и се сликаат на луксузни одмори, но меѓу нив го нема Никола Јокиќ.

Човекот заработува по 55 милиони долари годишно, но никогаш не сме го виделе на јахта со шампањско.

Целата работа е што него парите не успеаа да го сменат. Обично оди на хиподром со најмалскиот можен точак, облечен во рамбовка, шорц и влечки. Потоа отвора лименка пиво и така се рекреира.

Никола и пред НБА и после освоени МВП трофеи во НБА е едноставен, скромен и оригинален лик од Сомбор кој сака добра храна, добри луѓе и коњи, објаснува неговиот кум.

„Кога Никола е во Сомбор, освен што се дружи и се грижи за коњите, ужива и во рекреативни активности. Тенис, пливање во базен и риболов, а често оди и во викендица. Ние двајцата сакаме да подготвуваме храна во нашата домашна работилница и многу му значи да биде опкружен со луѓе што ги сака. Исклучиво на тој начин се чувствува удобно покрај нас“, вели Небојша Вагиќ.

„Не сака никакви турбулентни ситуации. Обожува во слободно време да оди на рафтинг и секоја година одиме заедно на Тара. Ја обожува природата, без разлика дали на Дунав, на реката Тара или на планини. Тоа се активности кои не ги прескокнува. Ништо спектакуларно. Накратко сака добра храна, добри луѓе и коњи“, објаснува кумот на Јокиќ.

Јокиќ веќе се вратил кај своите сакани коњи, си пие пиво

Јокиќ на церемонијата на медалите се појави убав

Јокиќ и другарите ја згрмија „Македонско девојче“

15 август 2024 - 14:06