Продадени најскапите патики на светот - првите Џорданки

Документарниот филм „Последниот танц“ кој во неколку дела раскажува за легендарниот Мајкл Џордан и амбиентот околу шампионскиот Чикаго Булс, покрена права Џорданоманија.

Кошаркарските патики „Ер Џордан“ кој најдобриот играч на сите времиња ги носел во својата руки сезона пред цели 35 години, се продадени за астрономски 560.000 долари, соопшти аукциската куќа Сотеби.

„По војната на наддавање која што ја крена цената до 300.000 долари во последните дваесет минути продажба, парот патики достигна дури 3,5 пати поголема цена од првичната која беше 150.000“, велат од аукциската компанија.

Имало десет наддавачи од шест различни земји и четири различни континенти.

Оваа продажба го урна рекордот од лани, кога исто на аукција на Сотеби се продале Најк патики за 437.500 долари (тие патики биле дизајнирани од основачот на Најк Бил Боверман за Олимписките атлетски трки во 1972 како патики за џогирање познати како „Мун Шуз“).

А првиот модел Nike Air Jordan 1 бил произведен меѓу февруари и април 1985-та година. Џордан ги носел во својата дебитантска НБА сезона, пред 35 години.

Од компанијата Најк потврдија дека Џордан го носел првиот модел Air Jordan 1s на 29 октомври 1985-та година, но тогаш на тој меч доживеал тешка повреда, ја скршил ногата и пропуштил цели 64 натпревари дури до следната сезона.

Инаку аукцијата коинцидира со финалната епизода од „The Last Dance“ документарецот на ЕСПН за Џордан и династијата на Чикаго Булс.

Од првата епизода во април до сега, документарката ја изгледале повеќе од 6.1 милион гледачи што е апсолутен рекорден меѓу документарките на ЕСПН. 

„Има повеќе интерес за Мајкл Џордан од кога и да е“, рекол продавачот и колекционер Џордан Гелер.

Американските медиуми пишуваат дека за 560.000 долари може да се купи огромен куќа со три спални соби во Бостон.

КОГА ЏОРДАН ЈА ПРЕКИНА КАРИЕРАТА ПОРАДИ ГРОЗОМОРНОТО УБИСТВО НА ТАТКО МУ

НАЈНОВИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ЧИКАГО И ЏОРДАН СО РЕКОРДНА ГЛЕДАНОСТ

МИТОТ ЗА СКРЖАВОСТА НА СКОТИ ПИПЕН ДЕКА ИМАЛ ЗМИЈА ВО ЏЕБ

18 мај 2020 - 11:08