Партија од соништата за Лука Дончиќ, игра страшна кошарка

Далас Маверикс на гостински терен после продолжение го победи силниот Бруклин Нетс со 129-125. Лука Дончиќ се претстави со уште една страшна партија: 41 поен, 11 скока и 14 асистенции. Постигна и три тројки во продолжението и беше најзаслужен за триумфот на Маверикс.

Ова беше 47-ми трипл-дабл за 23-годишниот Дончиќ во НБА кариерата.

Со оваа победа Далас Маверикс има 2 победи и 2 порази од почеток на сезоната, а Бруклин е во криза со 1-4.

Покрај Дончиќ, супер партија кај гостите имаа уште и Тим Хардавеј Џр со 18 поени, Макси Клебер со 15, Кристијан Вуд додаде 11 колку што имаше и Спенсер Динвиди а Џош Грин забележа 10 поени со 4 скока. Кај Нетси стандардно одлични Кевин Дурент со 37 поени и Кајри Ирвинг со 39.

Минатата сезона Дончиќ го водеше Далас до финалето на Западната конференција и со само 23 години веќе во топ5 играчи во лигата.

Во еден момент некој гледач од трибните го гаѓал Лука со полно шише а подоцна полицијата го уапсила изгредникот:

28 октомври 2022 - 10:13