Партија на Ентони Дејвис каква што не е видена во НБА

Лос Анџелес Лејкерс продолжи со добрата форма и ја совладаа Минесота Тимбервулвс 120:109. Ентони Дејвис постигна 27 поени со дури 25 скока и седум украдени топки и пет асистенции, учинок каков што досега немало во НБА. Тој стана и првиот играч во историјата на лигата кој на еден меч имал најмалку 25 поени со најмалку 25 скока.

Ова е дури 12-ти триумф на ЛА Лејкерс на последните 17 натпревари со што влегоа во супер ритам и големи шанси да влезат во плејофот. Во меѓувреме им се врати и лидерот Леброн Џејмс кој во синоќешниот триумф на Лејкерс постигна 29 поени со девет асистенции и осум скока. Остин Ривс беше исто одличен со 19 поени.

Кај Вулвс, Наз Рид стигна до 25 поени колку што имаше и лидерот Ентони Едвардс. За напомена е и дека не играше главниот играч на Минесота, Карл-Ентони Таунс кого го чека подолга пауза поради незгодна повреда. Лејкерс сега ќе му гостуваат на Сакраменто во дербито на Калифорнија а Минесота ќе игра против ЛА Клиперс на гости.

 

11 март 2024 - 09:23