Нов делириум на Јокиќ, броеше до 40

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ играат во транс. Откако словенечкиот ас блескаше со астрономски 60 поени, највисоки во неговата НБА кариера пред две вечери, синоќа Никола Јокиќ на мечот кој неговиот Денвер го загуби 127:126, постигна дури 40 поени со седум скока и шест асистенции, една блокада и една украдена топка.

Никола Јокиќ шутираше 15/24 од игра, 0/3 за три и перфектни слободни фрлања 10/10. Неговите Нагетси водеа буквално од почеток па до сам крај кога изгубија буквално во последна минута.

Денвер и натаму е прв на Западот со 22 победи и 12 порази колку што има и второпласираниот Њу Орлеанс но со послаба кош-разлика. Трет е Мемфис, четврт ЛА Клиперс, а петти е Феникс Санс. На Истокот Бостон е лидер (25-10), пред Милвоки (34-12), Бруклин, Кливленд, Филаделфија.

Историски мега трипл дабл на Лука Дончиќ

Лука после 60-те поени: Уморен сум како ѓавол, ми треба пиво

Лудите 4 секунди во режија на Дончиќ

Пречекот на Дончиќ во соблекувална

29 декември 2022 - 09:23