Наташа Ковачевиќ има 21 година. Со чиста и непоколеблива волја, стана еден од најсветлите примери на светскиот спорт и систем на вредности кој спортот треба да го претставува.
Патувајќи на едно гостување со својот некогашен тим Ѓер на 7. септември 2013. година, Наташа доживеа тешка сообраќајна незгода во која настрадала нејзината лева потколеница. Со силна волја, Наташа не се предавала и ветила самата на себе дека повторно ќе го заигра својот најомилен спорт.
Претседателот на Француската кошаркарска федерација Жан-Пјер Сиута и подари протеза, по што Наташа полека се врати на тренинзите а минатиот викенд и дебитираше за својот матичен клуб, Црвена звезда. На дуелот против Студент од Ниш (78-47), Наташа Ковачевиќ уфрли 5 поени, 1 асистенција, 3 украдени топки и 3 скока.
По мечот изјави дека и е мило што не ја штеделе ниту соиграчките ниту противничките. Веста со враќањето на паркетот на Наташа стана ударна во неколку светски медиуми. На дента на мечот полагала колоквиум на факултет кој успешно го положила.