Неверојатен пораз на Индијана на почеток на финалето

Кошаркарите на Бостон Селтикс иако беа апсолутен фаворит на отворање на финалето на Истокот против Индијана Пејсерс, сепак спасија жива глава буквално во последни секунди. Индијана имаше три поени предност на 10 секунди пред крајот и напад, но по погрешно додавање, топката дојде кај кошаркарите на Бостон а Џејлен Браун по сјајна асистенција на Холидеј со тројка го однесе мечот во продолженија. А таму Бостон славеше 133:128 и поведе 1:0 во серијата.

Бостон Селтикс до триумф го носеше неверојатниот Џејсон Тејтум со 36 поени, 12 скока и четири асистенции. Одлична вечер имаа уште и Џру Холидеј со 28 поени, Џејлен Браун со 26 поени и Ал Хорфорд и Дерик Вајт со по 15 поени. 

Кај Индијана Пејсерс која ќе жали за пропуштената шанса да направи брејк и да поведе 0-1 во финалната серија, најефикасни беа Тајрис Халибартон со 25 поени, а Паскал Сијакам постигна 24 поени со 12 скока и седум асистенции. Покрај нив двајца добри учиноци имаа уште и Мајлс Тарнер со 23 поени, Оби Топин со 15 поени, Арон Нејсмит запиша 14 поени а Ти-Џеј Меконел 13 поени.

Следниот меч меѓу Бостон Селтикс и Индијана Пејсерс се игра во петок во 02 часот после полноќ по Средноевропско време.

 

22 мај 2024 - 10:17