Непријатна средба на Дурент со навивачка на Далас

Пред почеток на дербито на вечерта во НБА меѓу Далас Маверикс и Феникс Санс кое домашните го добија 123:113, една девојка онака типично за американска публика му дофрла на Кевин Дурент: „Hey bitch“. Овој ѝ се врати.

Што се однесува до мечот, таму чуда правеше Лука Дончиќ кој постигна 41 поен со 9 скока и 11 асистенции. Му фалеше уште еден скок да стигне до нов неверојатен трипл-дабл учинок.

Лука имаше поддршка од Кајри Ирвинг кој уфрли 29 поени со 5 скока и 3 асистенции. Кај Феникс Санс Девин Букер одново имаше „револверашка пресметка“ со Дончиќ и одговори со 35 поени, 5 скока и 8 асистенции. Кевин Дурент постигна 23 поени со 6 скока, Ерик Гордон имаше 10 поени со 9 скока а Џош Окоџи 11 поени со 4 скока. Потфрли Босанецот Јусуф Нуркиќ со само 5 поени и 5 скока за 20 минути.

 

23 февруари 2024 - 10:32