Некоректен кош причина за гужва на Вориорс - Шарлот Хорнетс

Во НБА во само неколку часа се случија два поголеми инциденти. На мечот Њу Орлеанс - Мајами настана гужва по еден груб фаул на Кевин Лав, а на дуелот кој Голден Стејт Вориорс го доби против Шарлот за малку ќе избиеше голема тепачка.

Голден Стејт Вориорс забележа нов триумф, овојпат против Шарлот Хорнетс 97:84 и тоа не е ништо изненадувачки.

Но овој меч привлече големо внимание поради хаосот кој настана во последните секунди. Повод за тоа беше кошаркарот на Хорнетс, 25-годишниот Грент Вилијамс кој некоректно кога сите веќе се поздравуваа а Вориорси не го бранеа својот кош, се залета на полагање и постигна поени. Реагираше Лестер Кинонс а набрзо и тренерот Стив Кер и цела клупа на Голден Стејт.

25 февруари 2024 - 09:28