Со 20. победа во низа, Црвена звезда во моментов е лидер во Јадранската лига, а црвено-белите во неделата го декласираа Солнок со 43 поени разлика.
Необичната разлика го донесе белградскиот клуб до листата од четири најубедливи победи во историјата на АБА лигата. Во минатото, Цибона, Задар и Партизан славеа победи со 50 поени разлика.
ПАРТИЗАН - ШИРОКИ БРИЈЕГ 93:43, 2010/2011
Во серијата освоени титули едно по друго, Партизан посебно доминираше во 2011. година. Под водство на тренерот Владе Јовановиќ, Белграѓани го пречекаа и со 50 поени разлика го испратија Широки Бријег. Сите 12 играчи во составот се запишаа во стрелците, а најрасположени беа Јака Клобучар со 16 и Владимир Лучиќ со 12 поени. Партизан сезоната заврши прв, а Широки Бријег деветти.
ЗАДАР - БОСНА 104:54, 2009/10
Во салата „Кресимир Ќосиќ" во Задар на ниту еден противник никогаш не му било лесно. Во ноември 2009. година на мегдан со хрватскиот клуб излезе КК Босна од Сараево и загуби со 50 поени разлика. Јуре Шкифиќ беше прв стрелец на Хрватите со 15 погодоци, а Рок Стипчевиќ уфрли 13. Истата сезона, Босна испадна од Јадранската лига.
ЦИБОНА - БОРАЦ БАЊАЛУКА 116:66, 2003/2004
Актуелниот тренер на Цибона, Славен Римац на овој натпревар даде 21 поен, а цибосите на крајот го совладаа Борац со 50 поени разлика. Таа сезона титулата во Јадранската лига ја освои ФМП со нашиот Предраг Самарџиски.
Што се однесува до македонскиот претставник, МЗТ Скопје, во тригодишното играње Јадранска лига највисока победа славеше против Солнок во Скопје на 1. декември 2012 година. Штрковите тогаш победија 34 поени разлика, 87:53.
Во моментов табелата во АБА лигата изгледа вака, а до крајот има да се одиграат уште седум кола.