Мајк Џејмс - најдобриот Американец во Евролигата

Во најдобрата европска кошарка играле илјадници кошаркари од САД. Имало и сериозни ѕвездени имиња кои доаѓаа од НБА, но ретко кој оставил трага како Мајк Џејмс.

Триесет и три годишниот плејмејкер од Портланд (Орегон) во кариерата играше за десетина клубови меѓу кои Загреб, Хапоел Галил Елион, Колосос Родос, Басконија, Панатинаикос, па отиде во НБА и во 2017 и 2018 играше за Феникс Санс и Њу Орлеанс, па се врати во Европа и пак настапуваше за Панатинаикос, Олимпија Милано и ЦСКА Москва.

Во 2021-ва Џејмс на кратко повторно доби повик од НБА, овој пат од Бруклин Нетс но брзо се врати во Монако.

Минатиот четврток на мечот против Црвена Звезда во Евролига кој тимот од Кнежевството го доби 98-80, Мајк Џејмс постигна 20 поени и го надмина Василис Спанулис на вечната листа најдобри стрелци. Џејмс во моментов има 4.464 поени и е најдобар стрелец во историјата на Евролигата.

Во негова чест, од Евролига скоцкале видео со негови најдобри 10 потези во евролигашката кариера.

 

11 март 2024 - 10:13