Лудачки пресврт на Србија против Австралија, Јокиќ маестрален

По Германија која со 13 разлика ја совлада Грција (76:63), во полуфинале денес влезе и Србија која што ја совлада Австралија после продолженија иако во еден момент имаше дури и 24 поени негатива во првиот дел.

СРБИЈА - АВСТРАЛИЈА 95:90

Најдобриот кошаркар на светот, односно трократниот МВП на НБА Никола Јокиќ доминираше под двата обрача и е најзаслужен што Србија ја совлада Австралија 95:90 после продолженија.

Победата на Србија е право чудо затоа што во еден момент Австралија после 13 минути игра од почетокот на мечот имаше 24 поени предност! 44:20.

Селекторот на Србија Светислав Пешиќ кој веќе има едно светско злато и светско сребро, повика два тајм-аути на кои викаше по своите играчи со цел да ги разбуди.

35-годишниот НБА ветеран Пети Милс одигра уште еден луд натпревар и постигна 20 поени во првите две четвртини. Од тие 20 поени само два му беа од слободни фрлања.

Одличен беше и кошаркарот на Чикаго Булс Џош Гиди кој уфрли 25 поени на крајот а речиси сите му беа во првиот дел.

На стартот на вториот дел Србија ја затегна одбраната и по нотите на Никола Јокиќ кој диктираше на паркетот, стигна до неверојатен пресврт. Ги стопи 24 поени негатива и прејде во прво водство после долго време.

Јокиќ играше се, од позиција 1 до 5. Скокаше под двата обрачи, поентираше, играше одбрана надвор од рекетот над неверојатниот Пети Милс.

Во драматична завршница Србија имаше 2 поени предност но Милс погоди буквално во последната секунда за продолженија.

А таму Јокиќ имаше голема поддршка од Богдан Богдановиќ кој го заврши мечот со 17 поени, пет скока и шест асистенции и од Василије Мициќ кој додаде 14 поени.

 

Сега Србите го чекаат подобриот од дуелот Бразил - САД кој е закажан за вечерваод 21:30.

6 август 2024 - 17:15