Леброн Џејмс: „Јокиќ е еден од најдобрите во историјата“

Со сигурност најголема НБА суперѕвезда во последните дваесетина години, Леброн Џејмс, одново упати пофални зборови на сметка на актуелниот МВП на лигата Никола Јокиќ.

За време на својата 21-годишна НБА кариера збогатена со бројни трофеи, признанија и одличја, Леброн Џејмс се сретнал со илјадници разни кошаркари. Ретко за кој „кралот Џејмс“ зборувал како за Никола Јокиќ.

„Тој е еден од најдобрите што некогаш ја играле оваа игра. Просто е“, рекол Леброн Џејмс пред дуелот меѓу ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс во првото коло на разигрувањето.

4-кратниот МВП Леброн вели:

„Тој (Јокиќ) прави сè. Најважно нешто е што секогаш го менува начинот на кои неговите соиграчи размислуваат за нивната игра. Кога си способен да ги инспирираш твоите согирачи да играат на ниво на кое тие никогаш ниту помислиле дека би можеле да играат, тогаш тоа е прав доказ за величината, вели Леброн за српскиот кошаркар.

Во 2020-та Лејкерс и Денвер Нагетс се судрија и во финалната серија на Западната конференција кога славеше Лејкерс, а Денвер Нагетс возврати лани со таканаречена „метла“ односно 4-0 во серијата во финалето на Западот.

20 април 2024 - 15:12