Лидерот на Кавалирс Донован Мичел постигна 11 од своите 23 поени во последните три минути од мечот против Филаделфија 76ерс за нов триумф на Кливенд 114-106. Тимот од Охајо на овој начин стана само шеста екипа во историјата на НБА со ваков неверојатен старт без пораз.
Мичел додаде уште и 13 поени а имаше и девет асистенции. Покрај него Дариус Гарланд додаде 25 поени а Иван Мобли 14 поени со седум скока. Кај гостите од Филаделфија Џаред МекКејн уфрли највисоки во неговата досегашна НБА кариера 34 поени. Фила играше без Пол Џорџ и Жоел Ембид.
Уште од сезоната 2015/2016 кога Голден Стејт Вориорс имаше 24 победи на првите 24 меча немало ваков подвиг. Кливленд сега е на 13/13.
Зад овие неверојатни цифри на Кливленд Кавалирс се крие нешто уште поинтересно. Од тимовите кои во историјата на НБА имале старт со 12 и повеќе победи, само една испаднала во првата рунда од плејофот. Тоа бил Сиетл во сезоната 1982/1983.
Сите останати играле најмалку во финале на конференција а најчесто и во големото финале:
- Чикаго Булс сезона 1996/1997: 12-0 и шампионска титула на крај
- Бостон Селтикс сезона 1957/1958: 14-0 и пораз во големото финале
- Далас Маверикс сезона 2002/2003: 14-0 и пораз во конференциско финале
- Вашингтон Капитолс сезона 1948/1949: 15-0 и шампиоска титула на крај
- Хјустон Рокетс сезона 1993/1994: 15-0 на стартот и шампионска титула на крај.
- Голден Стејт Вориорс сезона 2015/2016: 24-0 и пораз во големото финале на крај.
КЛИВЛЕНД ИМА ИСТОРИСКИ СТАРТ
Кавалирс се најдобри по поени постигнати по изгубени топки (23,1 поен во просек по натпревар) и лидери се во лигата по погодени шутеви за три поени (41).
НБА аналитичари тврдат дека ваквиот луд старт на Кливленд се должи на тоа што наводно имале најлесен распоред од почеток на сезоната. Два пати играа против Милвоки Бакс кој е закован за дното на табелата на Истокот, го примија дома реновираниот Голден Стејт Вориорс (овој тим игра во одлична форма) и ги совладаа штотуку собраните Њујорк Никс.
Од друга страна, нивните игри и резултати покажуваат дека Кливленд треба да се сфати сериозно. Прво зато што екипата „не е дојдена од Марс“ туку и лани беа во топ3 на Истокот и покрај еден куп непријатни повреди кај главните играчи.
Кливленд има и долга клупа, тоа е една од нивните најважни особености. Во екипата никоој не игра повеќе од 30 минути и сите имаат доволно време за одмор, со исклучок на лидерот Донован Мичел кој е близу останатите со 30,7 минути во просек на паркет по натпревар.
Гарленд, Ален, Мичел и Мобли се носители на играта а најчесто двајца од нив одмораат на клупата додека другите двајца доминираат на теренот.
Луда ноќ во НБА, Вембанјама експлодираше со 50 поени, а Антетокумпо даде 59