Покрај Ненад Димитријевиќ кој беше дел од мечот, на спектаклот во Загреб, организиран во чест на 60 годишнината од раѓањето на Дражен Петровиќ беше и нашиот фубалски фанатик Горан Кипријановски.
Облечен во дрес од Њу Џерси Нетс со број 3, кој Дражен го носеше во периодот 1991-1993, односно пред да загине, ревијалниот натпревар Кипре го следел од трибини.
Ама неговото присуство на натпревари обично не поминува само со гледање и бегање дома. Тој се спремил со два македонски дресови со бројки на два асови.
Едниот со број 77, наметен за Лука Дончиќ на кој му го подарил лично, а другиот со број 4 кој го примиле мајката и братот на Дражен Петровиќ.
Кипре не само што со години не пропушта натпревар на македонската репрезентација во повеќе спортови, туку е и наш спортски промотор.
Холограм од Дражен Петровиќ се обрати на спектаклот на кој беше и Ненад Димитријевиќ
Најверниот навивач на Македонија му подари дрес на Никола Јокиќ
Нов македонски дрес во колекцијата на Ѓоковиќ
Навивачкиот музеј на Кипре кој живее за македонската репрезентација