- Горан Кипријановски - Кипре би ја бодрел македонската репрезентација (во фудбал, кошарка, одбојка, ракомет) и на Марс ако треба. Кипре е редовен на сите домашни и гостински натпревари на Македонија, а сега отиде да го гледа и спектаклот Србија - Грција во Белград во рамки од квалификациите за Светско првенство 2023.
- Пред мечот Кипре се сретнал со најдобриот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ и му подарил дрес од Македонија.
- Големиот Новак Ѓоковиќ вечерва го игра рекордното 12-то полуфинале на Вимблдон. Ривал ќе му биде Јаник Синер, младиот Италијанец со кого Новак има учинок од 5 победи и 6 порази.
- Првпат двајцата се сретнаа во 2021-ва година, во 2. коло на турнирот во Монте Карло кога Ѓоковиќ славеше лесно 2-0 со 6-4, 6-2. Последен пат српскиот тенисер победи во 5 сета после тешката борба која траеше повеќе од 4 часа. Новак тогаш на Отвореното првенство на Австралија стигна до рекордно 38. Грен слем финале во кариерата.
- Од 11 меѓусебни дуели, Синер победи 6 а Ѓоковиќ 5. Денес ќе играат во полуфинале на Вимблдон после 16:30 часот. Друга полуфинална двојка е Британецот Фери и Александар Зверев.
- МЗТ Скопје го задржа своето најголемо богатство и за новата сезона, откако ја продолжи соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кошаркари кои со години се симбол на најтрофејниот македонски клуб.
- За капитенот Дамјан ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес и ќе атакува на својата 12. шампионска титула со МЗТ Скопје.
- Војдан, пак, ќе ја започне својата шеста сезона во МЗТ Скопје, откако му се приклучи на клубот на почетокот од 2022 година.