Играл во НБА и Басконија, сега ќе игра одбојка на плажа на Олимписки Игри

Чуден е спортскиот пат. Постојат такви приказни кои се вредни за филмско платно. Една од таквите е и на Чејз Бадингер од Калифорнија.

Чејз Бадингер во својата богата кариера има дури седум сезони во НБА. Играше и во шпанска Басконија, а во меѓувреме решил да се занимава со она што го сака цел живот: одбојка на плажа.

И до толку добро го играл овој спорт што ќе се појави на Олимписки Игри во Париз летово каде ќе ги брани боите на САД.

Бадингер кој е висок 1,98 дебитирал на АВП Тур за одбојка на плажа во 2018-та. Со неговиот ортак Мајл Еванс сезонава завршиле на 13-то место на светската ранг листа за одбојка на плажа. Тие се втор најдобар американски тандем после Мајлс Партаин и Енди Бенеш кои сезонава завршиле на 5-та позиција.

„Имав среќа што веднаш преминав во друг спорт и заиграв на највисоко ниво“, вели Чејз кој цели седум сезони играше во најсилната светска кошаркарска лига НБА и тоа на високо ниво.

Во 2017-та година, Бадингер кој уште од средното училиште Ла Коста Кањон во Калифорнија бил прогласен за најдобар одбојкар (магазинот „Volleyball го прогласил за играч на годината) а во 2006-та бил прогласен за најдобар млад кошаркар во средните училишта, решил да ги соблече патиките и да се пушти бос на одбојка плажа.

„Голем дел од децата кога ќе завршат некој спорт, малку се збунети или изгубени за следното патување. Имав среќа што веднаш преминав на друг спорт и заиграв на највисоко ниво“, вели Бадингер во подкастот Sandcast посветен на одбојка.

ПРВ СПОРТИСТ ВО ИСТОРИЈАТА КОЈ ОД НБА ЌЕ ИГРА ОДБОЈКА НА ПЛАЖА НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Во јуни 2024-та Чејз Бадингер со неговиот ортак во тандем Мајлс Еванс успеале да ги поминат квалификациите за пласман на Олимписки Игри во Париз. На тој начин стана првиот спортист од НБА кој оди на олимписка одбојка на плажа.

Претходно во минатото, Кеит Ериксон кој играл кошарка на универзитетите НЦАА и УЦЛА во 1964 и 1965-та, па заиграл и за Лос Анџелес Лејкерс во 1972-ра, се префрлил на класична одбојка и настапил за репрезентацијата на САД на Олимписките Игри во Токио 1964.

А јунакот на приказнава, уште од средно школо бил врвен кошаркар па го „врбуале“ скаутите од Универзитетот Аризона за да игра во колеџ лигата НЦАА. Таму растурал со по 17 поени, 5,8 скока и 2,8 асистенции во просек по натпревар.

Ова придонело тој да биде биран како 44-ти пик на НБА драфтот во 2009-та.

Прв го бира Хјустон Рокетс а освен за „ракетите“ подоцна играше и тоа сосема пристојно за Минесота Тимбервулвс, Индијана Пејсерс и Феникс Санс со 7,9 поени, 3 скока и 1,2 асистенции во просек по натпревар.

На 27-ми декеври 2016-та година потпишал договор со шпанска Басконија и за тимот од Викторија кој е при врвот на шпанската кошарка постигнувал по 7,5 поени со 4,9 скока и 1 асистенции во просек на 20 натпревари во шпанска Лига Ендеса.

Сега ќе настапи на Олимписки Игри летово но во одбојка на плажа.

6 јуни 2024 - 09:12